Ако обожувате авокадо, фактот дека маслото од авокадо е одлично за вашето тело, кожата и косата, исто така, ќе ви значи.rnrnЛадно цеденото масло од авокадо содржи голема концентрација на витамин Е, што е многу важно за одржување на здравјето на кожата. Директното аплицирање на маслото врз кожата ја намалува појавата на старечки дамки, брчки и други знаци на стареење. Студиите покажале дека дури и ако го ставате во напивки, тоа дава слични резултати.rnrn
rn
Маслото од авокадо содржи лецитин и стеролин
rnНајважните состојки за здравјето на луѓето во ова масло се лецитин и стеролин. Лецитинот формира заштитен слој на површината на кожата и фоликулите на косата, додека стеролинот ги хидрира и ги омекнува.rn
Зошто масло од авокадо е добро за коса?
rnМаслото од авокадо добро одговара со маслото од макадамија (вид бадем) и кокосовото масло. Ова масло е содржано во одлични маски за коса, а најчесто се користи при сува и оштетена коса. Покрај тоа, го забрзува растот на косата и спречува понатамошно опаѓање.rnrnПокрај ефектите врз кожата и косата, авокадото има многу здравствени придобивки.rn
Здравствени придобивки од масло од авокадо
rnГо контролира и намалува нивото на холестерол во крвта и го штити кардиоваскуларниот систем. Маслото од авокадо содржи голема количина олеинска киселина, која ја инхибира апсорпцијата на холестерол и триглицериди и го спречува транспортот на лоши маснотии низ крвотокот. Со тоа запира процесот на атеросклероза. Ги намалува LDL и триглицеридите, го зголемува нивото на HDL (поуспешно од сите други растителни масла).rnrnЈа подобрува работата на крвните садови затоа што содржи омега 3, 6, 9 масни киселини + витамин Е + калиум и ги штити крвните садови од слободните радикали и можните оштетувања. Кога нема оштетување, крвните садови стануваат посилни и пофлексибилни и подобро реагираат на промените во крвниот притисок.rnrnВисока содржина на омега 3 има антиинфламаторно и антидепресивно дејство.rnrnМаслото од авокадо има голема содржина на растворливи влакна – најголема количина во однос на сите други видови овошје и ја подобрува работата на срцето и дигестивниот систем.rnrnБета стеролите – како растителниот холестерол, се добри за апсорпција на холестерол во крвотокот, со што се спречува апсорпцијата на лошиот холестерол.rnrnФитостеролите од масло од авокадо го намалуваат ризикот од заболување од тумор.rnrnАвокадото е и орален антисептик – го спречува развојот на бактериите, успешно се справува со лошиот здив и расипувањето на забите. Антивоспалителното дејство ги спречува воспалителните заболувања во устата и затоа се користи против парадентоза затоа што го спречува лачењето на ензимот што го деградира ткивото на непцата.rnrnВисокото ниво на витамините Е, Д, А – го намалува ризикот од висок притисок, кардиоваскуларни заболувања, Алцхајмерова болест и некои видови рак.rnrnПоради значителното ниво на лутеин – го штити окото од УВ зрачење и ја спречува макуларната дегенерација што доведува до оштетување на видот.rnrnМаслото од авокадо има специфичен антиоксидативен ефект – може да ги уништи слободни радикали во митохондријата, што не го овозможува ниту еден друг антиоксиданс. Митохондриите се органели кои создаваат енергија за сите процеси во организмот, но доколку се оштетени, болеста и забрзаното стареење се случуваат многу брзо.rnrnПробајте го маслото од авокадо и нема да зажалите.rnrnМожеби сакате да ја прочитате и оваа тридневна диета со авокадо за ефикасен начин на слабеење.