Чувството на нежност кое го чувствувате секој пат кога ќе се припиете до кожата на вашето момче или девојка всушност не е реално, туку тоа е илузија која вашиот мозок ја креира за да го зголеми сексуалното задоволство.rnrn
rnrnНаучници од универзитет во Лондон неодамна дознале зошто луѓето имаат чудно чувство на задоволство кога ќе се приближат до голото тело на партнерот. Според нив, овој феномен е само последица на активностите кои се одвиваат во мозокот за време на сексот. Просто кажано, нашиот мозок создава илузија за неверојатно мека и мазна кожа за да го унапреди сексуалниот однос или да го зајакне чувството на среќа и релаксација.rnrnЛуѓето кои учествувале во ова истражување, кожата на партнерот ја оценувале како „многу помека и посвиленкаста од сопствената“ без разлика дали тоа било вистина или не.rnrnСпоред психолозите, илузијата е најсилна кога милувањето е во склад со специјализираниот систем во кожата кој е чувствителен на сексуални допири, кои со самото тоа го зајакнуваат сексуалното возбудување. Тоа значи дека човековиот нервен систем ќе даде најдобар одговор на бавни и исклучително нежни допири, типични за паровите во долги врски кои ги поврзуваат длабоки емоции.rnrnИлузијата која тогаш настанува во нашиот мозок за партнерот со преубава кожа, всушност го открива механизмот на потсвеста според кој луѓето давајќи задоволство примаат уште поголемо задоволство и обратно.rn
Зошто кожата на партнерот е толку мека? Конечно го имаме одговорот!
