За повеќето луѓе, овој талент изгледа недостижен. Ова особено важи за интровертите кои се изморуваат од голема толпа луѓе. Тоа нè води до заклучокот дека единствено екстровертите можат да одржат добар говор? Тие немаат страв од многу луѓе и се чувствуваат многу удобно додека ги држат своите говори. Но, Барак Обама е интроверт. Нелсон Мандела – интроверт. Ганди, и тој бил интроверт. Како е ова можно?rnrn
rn
Верувајте ѝ на вашата техника
rnМногу луѓе сметаат дека за јавното говорење е потребна храброст. Дека и покрај стравот, сепак ќе го направите тоа. Во овој случај, екстровертите имаат голема предност – тие не чувствуваат социјална анксиозност. Екстровертите се помалку чувствителни на адреналин, чувствуваат помалку страв, па поголема е веројатноста да се качат на сцената. Но интровертите, особено оние почувствителните, се многу склони кон социјална анксиозност.rnrnНајдобрите зборувачи не се најхрабрите. Најдобрите се оние со одлична техника. Оние кои знаат да останат смирени и под притисок. Тие можат да го контролираат своето дишење, да владеат со говорот на нивното тело и да го проектираат својот глас. Тие се како музичари кои многу умешно свират на својот инструмент. Јавното зборување не е натпревар за храброст, тоа е моторна вештина. Тоа е физички процес кој се подобрува со вежбање. А кога ќе го погледнете од таа страна, интровертите навистина имаат предност.rn
Смисла и чувствителност
rnИнтровертите се одлични кога станува збор за размислувањето. Тие секогаш размислуваат длабоко и детално, а нивното мислење може да доведе до интересни резултати. Кога се во социјални ситуации, тие се почувствителни на луѓето околу нив. Тие можат да забележат суптилни социјални знаци и лесно ги препознаваат и најмалите промени.rnrnИнтровертите многу често се загрижени за мислењето кое го имаат другите за нив. Тие се посвесни за нивното опкружување и за нивното присуство. Постојано си поставуваат прашања како „Дали ѝ се допаднав на таа личност?“ или „Да не реков нешто погрешно?“rnrnОвој внатрешен монолог може да биде исцрпувачки, но токму тој им дава предност. Тие лесно можат да ги протолкуваат реакциите на својата публика. Интровертите ја подобруваат својата вештина за јавно говорење со навика. Со други зборови, тие се качуваат на сцена толку често што веќе се навикнуваат на тоа. Со текот на времето адреналинот има помало влијание на нив.rnrnПремногу чувствителниот интроверт може да стане одличен во одржувањето јавни говори бидејќи тој секогаш ќе го адаптира својот говор според реакциите на публиката. Ако почувствува дека публиката не е задоволна од говорот, тој веднаш ќе се обиде да го направи интересен. Но, како да знаете дали го правите вистинското нешто?rn
Подобрување
rnЗа да престанете да ги гледате јавните говори како натпревар за храброст, неопходно е ментално да созреете. Немојте да очајувате за вашите слабости, туку препознајте ги и работете на нив.rnrnИако звучи чудно, јавното говорење треба да направи да се чувствувате убаво. Тоа значи дека не треба да му дозволите на адреналинот да ве надвладее. Тоа можете да го направите со неколку техники. Една од нив е дишење со дијафрагмата. Оваа техника докажано го намалува стресот, ги опушта мускулите и го полни мозокот со кислород. Можете да ја практикувате техниката пред да се качите на сцената, или пак за време на самиот говор. За да ја примените техниката, ставете ја раката на вашиот стомак. Издишете и соберете го стомакот. Почекајте неколку секунди, па вратете го во нормала. Кога вдишувате вашиот стомак треба да се „надува“. Повторете неколку пати и почувствувајте ги ефектите.
