КАФЕ ПАУЗА

Зошто е подобро да се трча ноќно време?

Зошто е подобро да се трча ноќно време?

Со години и години слушаме како е најдобро наутро да појдеме на трчање или да вежбаме по дома. Сепак неколку современи фитнес експерти истакнуваат дека многу е подобро да се трча навечер, бидејќи ноќно време се согоруваат поголем број масти, а дополнително се ослободуваме од стресот и напнатоста.rnrnЗошто е подобро да се трча ноќно време?rnrnСите оние кои се оправдуваат со фактот дека поради тоа што до касно работат не можат да вежбаат, повеќе ќе немаат начин за оправдување за неактивниот живот. Токму после еден долг напорен ден, ноќта е совршеното време за вежбање, а притоа ќе имате и многу погодности. Научниците докажале дека оние кои трчаат ноќно време спијат подобро, подобро ја трошат својата енергија и поефикасно го спремаат телото за одморање.rnrnМожеби дополнителен факт кој ќе ве мотивира да трчате навечер е тоа што наутро не морате да се форсирате за да стигнете да ги направите сите утрински рутини, да повежбате и притоа да стигнете навреме на работа.rnrnСепак, најголема предност од вечерното трчање е тоа што се согоруваат многу поголем број калории. После целодневното јадење, вечерното трчање доаѓа одлично за вашата линија.rnrnПред трчањето убаво истегнете се и не претерувајте со истрчаната должина доколку сте почетник. Исто така, не се форсирајте да трчате постојано. Трчајте одредена дистанца, па потоа поодете за да ви се опуштат мускулите и за да фатите здив, а потоа продолжете со трчање. Трчајте во светла облека, за да бидете повидливи.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.