Лошото однесување, грубоста и нељубезноста се некои машки особини што жените не можат да ги поднесат, но ова е улица со две насоки. Во една анкета во која учествувале мажи на возраст од 25 до 45 години, се истакнале 3 женски особини што мажите не можат да ги поднесат. Погледнете за кои станува збор.rnrn
rn
1. Озборување на туѓите животи
rnМажот на којшто му се допаѓате сака да знае сè за вас, но воопшто не го интересира животот на вашите пријателки или колеги. Одвреме-навреме на секој му се случува да озборува, но кога секој ваш збор е посветен на туѓиот живот, вие имате особина што не ја сака ниту еден маж.rn
2. Грубост и нељубезност
rnЖените не се единствените кои забележуваат како се однесува нивниот партнер со келнерите или продавачите. Грубоста и нељубезноста се лоши карактеристики што ќе ги запомни секој маж. Ако постојано им викате на луѓето кои ви ја погрешиле порачката, или пак давате недолични коментари за некој од продавачите, верувајте дека тоа нема да помине незабележано.rn
3. Материјализам
rnНа многу жени важна им е финансиската сигурност додека бараат партнер. Едно истражување покажало дека финансиски стабилните мажи им се многу попривлечни на жените. Без разлика дали и вие спаѓате во оваа група или не, отвореното покажување на важноста на парите воопшто не е привлечно. Ако барате скапи подароци и ако отворено покажувате колку ви е важна финансиската состојба на партнерот, во неговата глава тоа изгледа навистина лошо.rnrnПогледнете и кои се женските особини на кои мажите не можат да им одолеат.
