Пламенот на страста продолжува. Посесивна љубов, мрачни страсти, сензуална еротика…
rn
Оние кои го имаат прочитано првиот дел од серијалот „Кросфајр“, сигурно со нетрпение чекаат во раце да им падне второто продолжение. „Огледана во тебе“ ја продолжува љубовната сага на Ева и Гидион – крајно опсесивна, нескротливо страсна и многу сензуална и еротична. И двајцата носат тежок товар од минатото, мрачни сцени и спомени кои не им даваат мир. Нивната задача е да си помогнат еден со друг, да се ослободат од злите духови на минатото и да ја развијат способноста да љубат слободно, искрено и без тешки мисли.rnrnАко првата рецензија ја насловив како рецензија за возрасни, најавувајќи книга која не се чита со кафе туку со нешто жестоко, вториот дел воопшто не заостанува. Напротив, уште повеќе ќе ве хипнотизира, бидејќи Силвија Деј е подготвена да ви открие интригирачки тајни за минатото на протагонистите.rnrn
rn
Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ
rnrnrn
rnrnМалку еротика во литературата никогаш не е на одмет, особено ако е добро изведена. Деј нема да ви наметне „евтини“ страсти, туку ќе ве почести со таков вез од зборови што буквално ќе ве вовлече во љубовната сага.rnrnГидион Крос е маж од соништата. Висок речиси два метра, со полни џебови, моќен, влијателен, и со тело кое вриска „секс“. Крос е маж кој има слободен пристап кај жените, но околу себе изградил ѕидови кои се тешки за пробивање. Кога неговата врска со Ева станува посериозна, тој како никогаш порано мора да се избори со демоните од минатото, да си помогне себеси и да ѝ дозволи на Ева да влезе во неговото срце, целосно и без резерва.rnrnЕва Трамил е убава девојка во своите дваесетти, која живее во луксузен стан во Менхетен заедно со својот пријател бисексуалецот Кери. Таа е под постојана заштита на нејзината мајка, која ја опишува како жена-трофеј, како и нејзиниот очув Ричард. И двајцата се трудат да ја заштитат од секое зло, имајќи ги предвид случувањата од минатото. Но единствениот кој може вистински да ја заштити е Гидион, кој може да допре до неа на најинтимен начин, кажувајќи ѝ дека покрај него таа е заштитена. „Би убил за тебе, би се откажал од сè за тебе… ама нема да се откажам од тебе.“rnrnНо што ако и самиот Гидион е опседнат со тешкото минато толку што дури би можел да ѝ наштети на својата сакана? Ќе успеат ли да се ослободат од кошмарите од минатото? Ќе успее ли Гидион да ја урне својата заштитна обвивка и да ѝ овозможи на Ева да стане неопходен дел од неговиот живот?rnrn
rn
„Без него венеев, светот околу мене ја губеше живоста, телото болеше што е одвоено од неговото. Тоа што е со мене… што ме допира… беше како дожд по суша. Душата ми се отвори за него, за да го впие.“
rnНивната љубов сега како никогаш претходно е ставена на тежок тест. Минатото на Ева заканувачки се појавува во нејзината сегашност, загрозувајќи ја нејзината безбедност.rnrnЉубовта на Ева и Гидион не е обична. Таа бара многу труд, жртвување и разбирање. И двајцата имаа трауматизирано детство што придонесува да израснат во страсни, но опсесивни ликови, болно љубоморни и со желба да го поседуваат другиот. И овој пат Силвија Деј нема да ве разочара и ќе ви го даде токму она што сте го очекувале од еден еротски роман, а можеби и малку повеќе.rnrn
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk
