Тешко е да им одолееме на слатките, но се чувствуваме помалку виновни кога јадеме нешто здраво, нели? Денес ви предлагаме рецепт за вкусен и брз десерт од урми и чоколадо кој нема да ви одземе многу време. Овој рецепт е идеален за сите оние кои постат или се вегани.rnrn
rnrnУрмите содржат многу влакна кои се важни за здравјето на цревата. Во однос на сувите смокви, урмата содржи многу повеќе антиоксиданси, како и важни витамини и минерали. Истражувањата покажале дека урмите имаат корисен ефект врз зачувувањето на мозочните функции.rnrnТие содржат свој природен шеќер, па нема да има потреба дополнително да ги засладувате, а доколку додадете темно чоколадо, овој десерт ќе биде сосема здрава храна!rn
Потребни состојки:
rn
- rn 011
- 100 грама урми
- 100 грама темно чоколадо
- 2 лажици масло по избор
- 50 грама бадеми
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnОтстранете ги семките од урмите и ставете по еден печен бадем внатре. Направете ја чоколадната глазура така што чоколадото со масло ќе го стопите на пареа или во микробранова печка. Ставете ги урмите на дрвена подлога или виљушка и потопете ги во чоколадото. Оставете ги на хартија за печење или на решетка да се исцедат и да се стврдне чоколадото, па префрлете ги во фрижидер да отстојат неколку часа.rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и овој рецепт за здрави чоколадни бомбици без шеќер.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
