КАФЕ ПАУЗА

Здрав појадок кој го лечи телото од претерана консумација на руска салата и сарми

После празничното уживање во масната, слатката и калорична храна потребно е на вашето тело да му овозможите заздравување со производи кои се богати со прехранбени влакна, кои го поттикнуваат варењето и го чистат организмот. Свежото овошје, зеленчукот и интегралните житарки се наоѓаат на врвот од посакуваните состојки за подготовка на здрав оброк.rnrn1-zdrav-pojadok-koj-go-lechi-teloto-od-preteruvanjeto-so-ruska-i-sarmi-www.kafepauza.mk_rnrnЕдна мала чинија овесна каша е одличен избор за почетокот на денот. Не само што има ниско ниво на масти, а високо ниво на хранливи влакна кои го поттикнуваат варењето, туку содржи и низа хранливи супстанци кои го намалуваат лошиот холестерол во крвта.rnrnВкусната и топлата каша природно засладете ја со парчиња овошје. Поголемиот дел од овошјата го поттикнуваат варењето, но надразнетиот желудник од празничните прослави најдобро е да го смирите со банана, која го стимулира растењето на корисните бактерии во цревата. Освен тоа, таа е богата со калиум кој ги неутрализира негативните последици од претерувањето со алкохол и солена храна.rnrnВо вашата овесна каша додајте и круша која е богата со природни влакна, односно антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот и штитат од сезонските болести.rnrn2-zdrav-pojadok-koj-go-lechi-teloto-od-preteruvanjeto-so-ruska-i-sarmi-www.kafepauza.mk_rn

Рецепт за овесна каша:

rn

    rn011

  • 80 грама овесни снегулки
  • rn011

  • 150 милилитри обична вода
  • rn011

  • Прстофат сол
  • rn011

  • Половина банана
  • rn011

  • Половина круша
  • rn

rn

Подготовка:

rnЗагрејте ја водата. Пред да зоврие, ставете ги овесните снегулки и варете ги со постојано мешање околу една до две минути или сè додека не омекнат и станат кашести. Додајте прстофат сол, измешајте, па тргнете ги од огнот. Ставете ги исечканите парчиња банана и круша и повторно измешајте. По желба можете да додадете и малку цимет во прав. На здравје!