Сакавте да ја замесите вашата омилена погача, но нема квасец во продавницата? Не очајувајте, ние имаме решение. Искусните пекари знаат дека постои замена за квасец со која тестото успева секогаш.rnrn
rnrnЗа тестото да нарасне и да биде вкусно ви треба само обична сода бикарбона.rnrnСè што треба да направите е да додадете лажичка или две сода бикарбона во смесата, во зависност од количината на тесто.rn
Рецепт: Брза погача со сода бикарбона
rn
Потребни состојки:
rn
- rn 011
- 500 г меко, бело брашно
- 250 мл млака вода
- 1 лажичка сол
- 1/2 лажичка сода бикарбона
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
rn
Начин на подготовка:
rn
- rn 011
- Растворете сода бикарбона во малку ладна вода и додајте ја во брашното што сте го просеале и посолиле. Со постепено додавање на млака вода, месете го тестото, сè додека не добите компактна смеса.
- Тестото месете го околу 5 минути, додавајќи брашно ако е потребно. Покријте го тестото и оставете го 15 минути да нарасне, а за тоа време загрејте ја рерната на 250 ᵒС.
- Печете додека погачата не добие златеста нијанса.
rn 011
rn 011
rn
rnМожеби сакате да ги прочитате и малите трикови на големите готвачи, еве со што да ги замениме јајцата во рецептите?rn