Ако сакате да носите крзно, тогаш најверојатно вашето омилено годишно време е зима! Сепак, добрата работа е во тоа што не морате да носите само бунди, туку тоа може да бидат и други дневни парчиња. Еве неколку наши предлози.rnrn
rn
1. Здолниште
rnЗдолништето од крзно е дефинитивно нешто што морате да го пробате на себе оваа зима. Може да изгледа многу интересно и оригинално. Комбинирајте го со омилената кошула и спремни сте за прошетка или за вечерно излегување.rnrn
rn
2. Шал
rnАко крзненото здолниште за вас е премногу, а сепак сакате да носите нешто од крзно, тогаш зошто не би ставиле ваков шал? На тој начин и најобичната комбинација ќе ја претворите во модерна и шик!rnrn
rn
3. Бунда
rnТаа никогаш не излегува од мода! Изберете некоја интересна боја и сите очи ќе бидат вперени кон вас.rnrn
rn
4. Јакна од шарено крзно
rnМожеби е помалку впечатлива од бундата, но сепак е ефективна. Совршено ќе се вклопи со едноставна, еднобојна комбинација.rnrn
rn
5. Детали од крзно
rnАко сакате да носите нешто крзнено по секоја цена, но цело парче од крзно ви е сепак премногу, одберете капут, јакна или некое друго парче облека со крзнени детали. Малку, но доволно за да бидете модерни.rnrn