За што најмногу жалат луѓето во нивните кариери?

Сподели

Њујоршкиот претприемач Даниел Гулати направил анкета со 30 колеги-претприемачи на возраст од 28 до 58 години и сфатил дека сите се каат за нешто во кариерата. Без разлика дали се работи за милионер, за пропаднат фотограф или за директор на банка, резултатот на крајот бил дека грешките и разочарувачкото чувство дека некогаш требало да се постапи поинаку не дискриминира по основа на успех во бизнисот. Ова се петте причини поради кои тие најмногу се каат.

Реклама

rn

„Посакувам да не ја изберев кариерата поради парите“

rnУбедливо најчестото разочарување кај овие триесетина бизнисмени било тоа што влегле во бизнисот само поради желбата да заработат многу пари, при тоа заглавувајќи во кариери во кои не уживаат. Според одредени теоретичари парите не предизвикуваат задоволство од работата, а нивното отсуство носи незадоволство од неа. За Гулати била интересна беспомошноста која неговите соговорници ја демонстрирале. Еден рекол дека има преземено премногу обврски и не може да си го оствари сонот да даде отказ, додека друг смета дека не би бил добар на друго поле. Затоа и не зачудува што парите ги нарекуваат „златни лисици“.rn

„Посакувам порано да дадев отказ“

rnОние кои собрале храброст да дадат отказ жалат што тоа не го сториле порано. Имало три причини кои ги спречувале во тоа: променливиот систем на награди, гордоста за своето работно место на социјалните мрежи и надежите дека ќе биде подобро. Сега тие жалат за пропуштеното време и по пропаднатите години во работење на нешто кое не ги исполнува.

rn

„Посакувам да имав храброст да почнам свој бизнис“

rnМногумина сакаат да започнат со свој бизнис, но не е доволно само да сакаат туку потребна е и одважност за тоа. Работата која моментално ја работат не им дава можност да започнат сопствен проект, па дури и менаџери од најголемите компании се каат што никогаш не собрале храброст за тоа.rn

„Посакувам подобро да го искористев времето на училиште“

rnЕден биолог му одговорил на Гулати дека на своите факултетски денови се сеќава како на „бесмислено брзање да се помине низ годините кои од денешна перспектива се најубавите и неструктурирани години од неговиот живот“. Откако веќе основал семејство и зел кредит за куќата, сфатил колку тие години на факултет биле важни за неговото образование особено што сега не можел да се врати на факултет за да ги исправи грешките и да го дополни знаењето.rn

„Посакувам подобро да ги искористев своите шанси“

rnНеколку од анкетираните професионалци имале „сега или никогаш“ моменти во кариерата, кога на хоризонтот се појавиле одредени можности за напредок, но не ги искористиле. Еден банкар се присетил на можноста да се пресели на растечкиот јужноамерикански пазар, но одбил по што неговата замена за кратко време станала раководител на оддел, а потоа и главен менаџер. Денеска се кае што се исплашил и ја пропуштил можноста да тргне во таква авантура.

Популарно

Може ќе ве интересира