Доколку сте русокоса најверојатно се мачите со жолтеникавите и портокалови тонови. Сè зависи од нијансата на косата, но најверојатно често се случува кога самите ќе го бојадисате коренот дома, тој да не излегува баш така како што сте посакувале. Најдобро решение се сиво-русите тонови на фарба за коса, но често наместо убавата боја која сте ја сакале, излегува виолетова или сина. Верувале или не кечапот, може да го реши тој проблем, а ние ќе ви откриеме на кој начин!rnrnДосега сигурно сфативте дека ви се потребни кечап и коса која влече накај сино, виолетово или зелено. Во фотографиите кои следат подолу ќе откриете како се одвива целиот процес.rnrn
rnrn1. Вака изгледа вашата коса пред да го започнете овој процес.rnrn
rnrn2. Косата има многу чуден тон, а секоја русокоса која се бојадисувала дома во сиво-руса боја знае за што станува збор. Потоа, доаѓа делот кој само изгледа забавно: Нанесувањето кечап. Предложуваме ова да го правите во бањата, а на рацете задолжително да ставите заштитни ракавици. Исто така, препорачливо е на себе да ставите заштитен најлон поради дамките и не баш најубавиот мирис на кечапот.rnrn3. Најдобро е кечапот да го нанесете на целата коса, отприлика колку пакување со кое сакате да ја нахраните. Оставете ја така час или два.rnrn4. Штом ќе помине неопходното време, измијте го кечапот од косата и измијте ја со шампон кој постојано го користите.rnrn
rnrn5. Откако ќе ја исушите косата, резултатот е следен:rnrn
rnrnНесаканите тонови се неутрализирани! Секој експеримент е вреден за внимание, бидејќи, можеби не во целост, но резултатот може да се види и да ве спаси.rnrnДоколку не сте сигурни која боја да ја изберете, консултирајте се со фризер или кога купувате фарба погледнете го резултатот на косата, што и понатаму не ви го гарантира исходот, но е приближно како сликата на кутијата.rnrnДоколку ви се случи некоја мала незгода, барем постои забавен начин колку толку да ја решите!
За русокосите: Како кечапот може да ја спаси вашата боја на коса?
