Печениот лосос во сос од лук, путер и мед е брзо решение за ручек или вечера. Полн е со омега-3 масни киселини и протеини и многу лесно се подготвува дома.rnrn
rn
Потребни состојки (за две лица):
rn
- rn 011
- 2 филети од лосос од 115 до 170 грама
- 2 лажици путер
- 2 чешниња лук
- 2 лажици мед
- 1 лажица соја сос
- 1 лажица лут сос по желба
- 1 лажица сок од лимон
- ¼ лажичка суви пиперки
- сол и бибер по желба
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rn1. Филетите од лосос зачинете ги со сол, бибер и суви пиперки.rnrn2. Печете го лососот во загреана тава околу четири минути од секоја страна. Месото од лосос е многу нежно, затоа бидете внимателни кога го вртите.rnrn3. Извадете го лососот од тавата.rnrn4. Во истата тава додајте ги другите состојки: путерот, сечканиот лук, медот, соја сосот, лутиот сос и сокот од лимон. Мешајте додека не се соедини храната. Гответе го сосот околу пет минути.rnrn5. Вратете го лососот во тавата и оставете го да се загрее во сосот неколку минути. Послужете со ориз и зеленчук по желба.rnrnПогледнете го овој рецепт за супа со кнедли од сирење.