За среќа е потребно малку. Ако сте одморени, инспирирани сте и ви е забавно, одеднаш сте и поуспешни во она во што сакате да бидете успешни и животот станува поубав. За да го постигнете тоа експертите од разни области велат дека само 12 минути се доволно за да стигнете до таа цел.rnrn
rn
12 минути сон
rnДремката од 12 минути е доволна за да се освежите пред да продолжите со исполнување на обврските. Ќе се чувствувате многу поодморено ако тоа ви стане секојдневна навика, ќе ја зголемите продуктивноста и ќе бидете поуспешни.rn
12 минути движење
rnАко немате можност да дремнете во моментот, сигурно можете барем да станете и да поминете дванаесетина минути во движење. Тоа ќе ви го разбистри умот пред да продолжите понатаму.rn
12 минути инспирација
rnЧитањето инспиративни цитати за многумина е глупаво, но 12 минути дневно од оваа активност може да стори чуда за вашата мотивација. Ќе ве натераат да целите кон многу повеќе во животот и потоа ќе се чудите што сè можете да постигнете.rn
12 минути забава
rnСе разбира дека ви е потребно многу повеќе забава за среќен живот, но во моментите кога сте на сред исполнување обврски и се чувствувате „прегорено“, одвојте 12 минути за да направите нешто забавно, како на пример разгледување на некои интересни слики на интернет или гледање интересни видеа. Тоа веднаш ќе ве релаксира.