Би било убаво кога дефицитот на сон би се јавувал само во средношколските и факултетските денови, но за жал, човечкиот род нема таква среќа. Сите сме имале ноќи кога сме биле будни саат-два пред да станеме за на работа. Некогаш е навистина тешко да се справиме со деновите кога не сме доволно спиени, но за среќа, науката ни го чува грбот.rnrn
rn
1. Не се осудувајте да го притиснете копчето снуз
rnАко сте отспале повеќе, треба да избегнувате да го користите копчето снуз. Тие екстра 5-10 минути спиење воопшто нема да ви помогнат да се чувствувате помалку уморно. Наместете го алармот најкасно што смеете да се разбудите и станете од креветот. Подоцна ќе бидете благодарни..rn
2. Појадувајте, но бидете сигурни дека не внесувате шеќери
rnНаучниците велат дека ако јадете во првиот час кога ќе станете ќе ги подобрите расположението и вашите способности за распознавање. Јадете храна од цели зрна и протеини. Шеќерот ќе ви ја одземе целата енергијата, така што, важно е да го избегнувате по секоја цена.rnrn
3. Напијте се само една шолја кафе пред да заминете на работа
rnЗа да не претерате со внесување на кофеин во телото, испијте само една шолја кафе додека сте дома. Не грижете се, после ќе имате уште можности за да се напиете од оваа магична напивка. И запомнете – пијте го без шеќер.rn
4. Излезете надвор
rnСончевата светлина ќе ви ја зголеми телесната температура и ќе ве направи поспремни за работа.rn
5. Оставете ги очилата за сонце дома
rnСветењето на сонцето во вашите очи може да биде корисно.rnrn
6. Најпрво, извршете ги најтешките задачи
rnПрвите часови по пиењето кафе се миговите кога сте најспремни да го сработите најтешкото. Не го трошете времето на лесни задачи.rn
7. Време е за втората шолја кафе
rnМора да почекате 30-тина минути за да делува кофеинот. Затоа, планирајте го кафето за најважните состаноци за кои ви се потребни најмногу енергија и концентрација.rn
8. Уживајте во лесен ручек полн со цели зрна, зеленчук и посни протеини
rnПродолжете да избегнувате шеќер бидејќи тој предизвикува замор.rnrn
9. Совршеното време за последното кафе е раното попладне
rnПопладне постојат најголеми шанси да заспиете, па затоа е добро да се напиете уште една шолја кафе. Избегнувајте да пиете кафе после 3 часот затоа што тоа може да го попречи сонот – а тоа е последното нешто што би го сакале.rn
10. Остатокот од денот поминете го во средување на едноставни обврски
rnИстражувањата покажуваат дека ако не сте доволно спиени вие можете да одржите концентрација само 10 минути.rn
11. Пробајте да заминете од на работа барем малку порано
rnНајдете некој глупав изговор или едноставно кажете дека ви се спие.rnrnЗа подобро да се справите со деновите кога не сте спиени, погледнете го ова видео.rnrn
