Ова се неколку правила кои задолжително морате да ги знаете кога купувате свечено одело.rnrn
rn
Удобност
rnДодека одбирате одело, немојте да избрзувате и да го купите она што добро ви стои гледајќи се во огледало. Прошетајте малку во него, седнете, мрдајте со рацете, затоа што удобноста и слободното движење се најважни. Во спротивно воопшто нема да уживате во вашиот костум.rn
Бирање чорапи
rnСекогаш избирајте чорапи во иста боја како и вашите панталони. На овој начин визуелно ќе ги издолжите нозете.rn
Должина на ракавите
rnСовршена должина на ракавите на палтото е кога ќе ги поставите рацете покрај телото, а ќе се гледаат само четвртина или половина од манжетните на кошулата.rn
Должина на палтото
rnСовршена должина на платото е до седиштето на столчето кога сте во седечка позиција. Сè подолго од ова ќе ги прави вашите нозе набиени.rn
Кошула и вратоврска
rnКога носите вратоврска секогаш мора да имате на ум едно важно правило – со еднобојна кошула можете да носите вратоврска со дезен и обратно.rnrn
rn
Елек
rnДодека носите елек, не смеете да дозволите кошулата да ви ѕирка во долниот дел.rn
Панталони
rnКога купувате панталони треба да внимавате тие да се од материјал кој нема лесно да се гужва по подолго седење.rn
Ремен или трегери
rnНикогаш не носете ремен на одело, бидејќи ремените визуелно го сечат телото на два дела. Наместо тоа подобро да носите трегери.rn
Сако
rnСекогаш треба добро да ви стои во рамената. Никогаш не одбирајте сако кое ќе ви го ограничува мрдањето со рамениците, ниту пак некое кое е видно поголемо во тој дел.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.