Гејшите, кои се јапонски уметници на заведувањето, се синоним за убавина, отменост, шарм, но и за способност да ги задоволат мажите. Некои од нивните традиционални техники ги имаат преземено европските жени за да внесат свежина во своите бракови. Ние ви ги откриваме тајните трикови на јапонските гејши, а на вам останува да ги испробате.rnrn
rn
1. Не бидете скромни на зборови
rnПофалете го секој пат кога ќе доживеете оргазам. Жените обично не сакаат кога машките ги воздигнуваат до ѕвезди после секој сексуален чин, но со мажите е сосема поинаку. Тие едноставно сакаат да знаат дали ја задоволиле жената. Затоа, следниот пат кога ќе доживеете врвно задоволство, задолжително дајте му до знаење дека тој е заслужен за тоа. Ќе биде пресреќен кога ќе му кажете дека е најдобар љубовник во светот.rn
2. Нека се чувствува како јунак
rnСекој пат кога ќе му покажете колку ви одговара неговото настојување да ве задоволи, тој ќе се чувствува како јунак. Неговото его ќе порасне до небо, ќе се чувствува важно и постојано ќе сака да ви удоволи. Тоа не мора да се однесува само на сексот. Овој совет можете да го примените во секојдневниот живот. Ако се потрудите и ги истакнете квалитетите кои најмногу ги сакате кај својот партнер, тој постојано ќе сака да ви ги покажува.rn
3. Славете ја неговата машкост
rnВашиот партнер ќе биде воодушевен ако посветите одредено место во спалната соба само за него. Ќе знае колку ве инспирира неговата сексуалност бидејќи дел од животниот простор сте посветиле на неговата машкост. На тоа место може да ставите фотографии, пораки, песни, миризливи свеќи… Одвреме-навреме менувајте ги украсите и така ќе му покажете дека постојано ве интригира.rn
4. Не одбивајте да водите љубов
rnКога ве боли глава или навистина не ви е до секс, обидете се тоа да му го предочите на фин начин. Речете „Би сакала да водиме љубов, но навистина ме боли целото тело. Можеби ќе ми биде подобро подоцна, па може да се забавуваме кога ќе се разбудиме наутро.“rnАко бидете груби и незаинтересирани тој ќе се чувствува лошо бидејќи ќе мисли дека повеќе не ве привлекува.rn
5. Често менувајте пози
rnАко по малку ви е досадно во кревет, немојте да трошите ни една ноќ повеќе гледајќи во плафонот додека вашиот партнер се обидува да ја заврши работата. Обидете се со нова положба. Промената на позите не само што ќе ви открие нови чувства, туку на тој начин ќе му покажете на партнерот дека навистина сакате да уживате. Заедно откријте што сакате и не плашете се да испробувате.rn
6. Не плашете се од еротски игри
rnИграјте ја играта „без допирање“. Правилата се следни: кога двајцата ќе бидете голи, можете меѓусебно да се допирате само со косата или со брадавиците. Тоа тотално ќе ве излуди. Исто така, за време на предиграта врзете му ги очите на партнерот и не тргајте го превезот за време на сексот. Неговите чувства за слух, допир и мирис ќе се изострат, а вашето сексуално искуство ќе стане незаборавно.rn
7. Направете секси сцена
rnМажите се визуелни типови. Оставете го светлото запалено и кажете му да ве набљудува додека водите љубов. Ако сте свесни за убавината на своето тело, немојте сосема да се соблекувате. Облечете ја неговата омилена кошула и не закопчувајте ја. Мажите се возбудуваат кога ги гледаат жените во својата облека.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.