Иако плетените џемпери никогаш не сме ги гледале како парчиња кои се на врвот на модните трендови, мораме да признаеме дека оваа сезона џемперите се клучни елегантни парчиња кои владеат на Инстаграм и на останатите социјални мрежи.rnrn
rnrnЛетна опсесија беа блузите, кошулите, маиците и фустаните кои го откриваат грбот, а сега тој тренд се „префрли“ и на џемперите.rnrn
rnrnОваа сезона модерни се парчињата облека кои на суптилен начин го откриваат грбот, а меѓу нив спаѓа и џемперот. Овој тренд веќе е забележан на Инстаграм, и модните блогерки претставуваат модни комбинации со занимливи исечоци или панделки на грбот.rnrn
rnrnБели, пастелни, сиви или во потемни нијанси, џемперите на деликатен начин го откриваат грбот и изгледаат сјајно во комбинација со најобични фармерки. Овие неодоливи џемпери со сигурност ќе бидат голем тренд за оваа пролет.rnrn

Водечки тренд за оваа пролет: Џемпери со гол грб!
