Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за итни случаи Мајкл Рајан изјави дека носењето маски за лице, доколку тие се користат неправилно, може да направи повеќе штета отколку корист во борбата против ширењето на новиот коронавирус.rnrn
rnrnВо време кога некои земји се соочуваат со недостиг од маски, Рајан повтори дека СЗО верува дека маски треба да носат само болните за да не го шират вирусот, како и здравствените работници на кои им е маската неопходна.rnrnТој вели дека нема конкретни докази кои сугерираат дека масовното носење маски носи никаква корист, всушност, има некои докази што укажуваат на спротивното.rnrnТој, најверојатно, алудира на можноста дека некое лице, кога става или ја отстранува маската, може да го пренесе вирусот близу до лицето.rnrnИ епидемиологот на СЗО, д-р Марија ван Киве рече дека маските мора да бидат приоритет за оние кои имаат потреба, како што се медицински професионалци.rnrnПовеќе им се препорачува носењето маски само на заболените со цел да се спречи понатамошното ширење на инфекцијата.rnrnМожеби сакате да прочитате и дека местото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје.
Во овој случај, носењето маска e повеќе штетно отколку корисно!
