КАФЕ ПАУЗА

Внимавајте: 3 опасности кои се кријат во коцките мраз

Летото е период од годината кога речиси секојдневно се користат коцки мраз за разладување на пијалаците. Но, дали знаете дека во тие мали коцки кои се создаваат во автоматите за мраз се кријат многу „загадувачи“ кои можат да му наштетат на нашето тело? Иако луѓето со здрав имунолошки систем се отпорни на тие бактерии, микробиолозите посочуваат дека треба да се внимава, затоа што не е познато какво влијание можат да имаат на подолгорочен план. Прочитајте ја листата од најчестите опасности кои се кријат во студените, проѕирни коцкички.rnrn(1) Внимавајте: 3 опасности кои се кријат во коцките мразrn

1. Во апаратите за мраз се акумулираат бактерии

rnОва се случува во процесот на замрзнување и настанување на мразот. Апаратите кои се користат за производство на коцки мраз, ретко се третираат како и останатите кујнски апарати и не се чистат редовно, поради тоа што луѓето мислат дека не се извалкани затоа што во нив се става само вода. Но, тоа е сосема погрешно и затоа треба темелно да се чистат.rn

2. Најголем виновник за загадувањето е мувлата

rnИако ниските температури ретко поттикнуваат создавање мувла, доаѓа до проблем доколку автоматот за мраз често се исклучува од струја. Тогаш доаѓа до растопување, насобирање влага и на крај, создавање на мувлата. Автоматите за мраз задолжително треба да се исчистат пред употреба, особено ако долго време биле неупотребувани.rn

3. Бактериите ја сакаат и лопатката за земање мраз

rnДоколку шанкерот ја фати лопатката со неизмиени раце и потоа веднаш се врати назад, бактериите од неговите раце преминуваат во апаратот, а оттаму и директно во мразот. Истото важи и во домашни услови при вадење на мразот од замрзнувачот. Секогаш претходно добро измијте ги рацете, затоа што колку и да изгледа тешко остварливо, мразот може да биде предизвикувач на зараза.