Ако сакате јаболка и уживате да приготвувате вкусни колачи кои не одземаат многу време, тогаш овој брз рецепт е за вас. Освен што брзо се подготвува, рецептот е толку едноставен што нема да ви биде потребен ниту миксер.rnrn
rn
Потребни намирници:
rnrn
За тестото:
rn
- rn 011
- 200 грама брашно
- 180 грама шеќер
- 200 грама гриз
- 1 прашок за пречиво
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
За филот:
rn
- rnrn
- 1 килограм исчистени јаболка
- 2 ванилин шеќер
- 1 лажичка цимет
rn 011
rn 011
rn
rnrnrn
За преливот:
rn
- rnrn 011
- 100 милилитри масло
- 250 милилитри млеко
- 1 јајце
rn 011
rn 011
rn
rn
За декорација:
rn
- rn 011
- 3 кесички шлаг во прав
- Млеко
- Цимет
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnПрашокот за печиво измешајте го со брашното и ставете го во голем сад. Потоа додадете ги шеќерот и гризот и измешајте.rnrnВо посебен сад измешајте ги јаболката со ванилиниот шеќер и циметот. За преливот, измешајте ги маслото, млекото и јајцето.rnrnКалапот за печење со димензија 21х36 сантиметри премачкајте го со масло, а потоа посипете брашно на краевите. Во калапот, со лажица распоредете една третина од сувите состојки. Продолжете да редите една третина од исечканите јаболка. Половината од преостанатите суви состојки распоредете ги по јаболката. Половината од преостанатите исечкани јаболка распоредете ги во калапот за печење.rnrnОстатокот од сувите состојки распоредете ги со лажица. Преостанатите јаболка распоредете ги врз сувите состојки. Површината прелијте ја со преливот.rnrnКолачот печете го во загреана рерна на 180 целзиусови степени, околу еден час.rnrnКога колачот ќе се излади, ставете го шлагот, а врз него може да ставите и цимет.rnrnДобар апетит!rnrnЗа оние кои не се љубители на јаболка, ви препорачуваме рецепт за есенски колач со сливи.rn