Кога ќе го погледнете лицето на Викторија Бекам денес, тешко ќе ви биде да си замислите дека популарната британска модна креаторка долго време се борела против мозолчињата и акните. Сигурно многумина ги интересира во што се крие нејзината тајна, и за среќа Викторија Бекам отворено зборува за сите нејзини трикови и третмани за убавина.rnrn
rn
„Постојат два вида жени: Оние кои дознаваат фантастичен совет за убавина и го задржуваат за себе и оние кои веднаш сакаат да го споделат со сите. Сум работела со најдобрите шминкери, фризери и стилисти и имам многу научено. Никогаш не сум погодила сѐ од прва, но секогаш сум учела од грешките и сега моето знаење сакам да го споделам со светот“, изјавила Викторија.
rnТаа никогаш не криела дека долго време имала сериозен проблем со кожата на лицето и водела борба против мозолчињата и акните. Сега Викторија решила да ја открие тајната и да им помогне на сите кои се соочуваат со истиот проблем.rnrn
rn
„Кога сум во Лос Анџелес секогаш го посетувам дерматологот Харолд Ланцер. Тој е неверојатен. Го познавам со години и само тој успеа да ја излечи мојата кожа. Имав проблематична кожа и тој ми кажа дека секој ден морам да јадам лосос. Го прашав дали баш секој ден морам да го јадам тоа и тој ми одговори: ’Да, појадок, ручек или вечера, ама мораш да јадеш лосос секој ден’“, објаснува Викторија и признава дека нејзиниот беспрекорен тен се должи на лососот кој е неминовен дел од нејзината секојдневна исхрана.
rnНауката може да потврди дека оваа риба е добра за кожата. Имено, лососот е полн со омега-3 масни киселини, витамини А и Ц, а комбинацијата од сите три заедно има антивоспалително дејство, ја хидратизира кожата и ја спречува појавата на акни и мозолчиња.rnrnДоколку и вие се соочувате со истиот проблем, побарајте некој брз рецепт за ручек со лосос и внесете ја оваа промена во вашата исхрана уште денес.