Трицепсот е голем мускул на задниот дел од раката и е одговорен за исправање на раката. Кај многумина (особено кај жените), трицепсот е малку атрофиран бидејќи не ги користиме често. Од таа причина, кожата на тој дел од раката е опуштена.
Но, ова може да се запре со упорно вежбање. Во продолжение погледнете една многу ефикасна вежба за трицепс.
Сè што ви треба за оваа вежба се тегови (може да користите и шишиња со вода).
Легнете на грб, со нозете свиткани во колената. Потпрете ги стапала на земја. Земете по еден тег во секоја рака, кренете ги рацете нагоре и исправете ги лактите. Потоа, спуштете ги рацете настрана, во линија со ушите. Повторете ја вежбата 10 пати во три серии.
https://youtu.be/uBXpJGidDn4
За почеток, обидете се со помала тежина или без тегови. Со текот на времето, ќе ви стане полесно и со поголема тежина.
Погледнете ги овие вежби за убаво обликувани раце.


