Многу вкусна торта идеална за празнични пригоди.rnrn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn 011
- 150 грама мелени бисквити
- 100 грама мелени ореви
- 100 грама растопен путер
- 100 грама суво грозје потопено во рум
- 100 грама желе бонбони
- 2 лажици млеко или сок
- 200 мл слатка павлака
- 100 грама кисела павлака
- 1 ќесичка желатин
- ореви или чоколадо за декорирање
- 500 грама јагоди или друго овошје (малини, капини, банани)
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnСтавете ги мелените бисквити во сад, додајте ги оревите, сувото грозје и исечканите желе бонбони. Додајте ги растопениот путер и 2 лажици сок или млеко. Мешајте ја смесата додека не се соедини. Турете ја смесата во плех и притиснете ја со лажица до дното за да ја израмните.rnrnОставете ја смесата да стои во замрзнувач 30 минути. Во меѓувреме, изматете ги слатката и киселата павлака. Стопете го желатинот како што пишува во упатството за употреба и полека додајте го шлагот. Внимавајте да не ја изматите киселата павлака премногу и да се направат грутки. Наредете половина сантиметар шлаг на смесата од замрзнувачот и потоа наредете јагоди. Додајте го остатокот од шлагот и израмнете. Одозгора ставете чоколадна глазура или мелени ореви. Оставете ја тортата да отстои во фрижидер преку ноќ.rnrnНапомена: Не е потребно да додавате шеќер.rnrnПогледнете го овој рецепт за „зебра“ палачинки.