КАФЕ ПАУЗА

Важни ситници што секоја невеста ги заборава на денот на свадбата

Written by

in

,

Од морето со емоции кои ги преплавуваат младенците за време на најубавиот ден од нивниот живот, невестата често заборава на некои важни ситници. Па ако и вие набрзо планирате свадба, тогаш обрнете внимание на следниве ситници што можат да ви направат голема разлика…rnrn1-vazhni-sitnici-koi-sekoja-nevesta-gi-zaborava-www.kafepauza.mk_rn

1. Мала тоалетна чанта

rnВашата шминка може да биде долготрајна, но во еден момент ќе морате да ја поправите. Затоа на венчавката не заборавајте да понесете мала чанта во која ќе ставите кармин, пудра и уште неколку ситници кои доста добро ќе ви се најдат.rn

2. Нешто за грицкање

rnПоради целата мешаница на денот на венчавката на младоженците често прв оброк им е оној којшто ќе го изедат после венчавката. Невестата секако би требало да јаде нешто пред да започне целата церемонија, за да ги избегне можните сцени кои може да ја расипат веселбата.rn

3. Чување покана за фотографот

rnМладенците често ја забораваат онаа покана која ќе му ја дадат на фотографот за да ја фотографира. Со оглед на тоа дека сите покани се испратени, младенците немаат фотографија од своите покани, а тие се и тоа како важен дел од венчавката.rn

4. Подготовка на цеде со песни

rnПреубавиот ден како што е венчавката вреди да се прослави со вашата омилена музика. Направете цеде со омилените песни кои ќе ги слушате додека се подготвувате и додека ги чекате вашите гости, доколку доаѓаат да ве земат од вашиот дом.rnrn2--vazhni-sitnici-koi-sekoja-nevesta-gi-zaborava-www.kafepauza.mk_rnrn

5. Резервни обувки

rnБез разлика колку удобни ви изгледаат обувките кои ги носите, па дури и да сте ги разгазиле, сигурни сме дека во еден момент ќе посакате да ги собуете. Ова особено важи доколку носите обувки со изразена висока потпетица. Затоа, за секој случај понесете резервни удобни обувки.rn

6. Кутија или перниче за бурмите

rnДелот од обредот каде што се земаат бурмите ќе изгледа поубаво доколку прстените се поставени во убава кутија или на декоративно перниче, отколку само да се извадат до џебот.rn

7. Торта за денот потоа

rnНа венчавката секогаш останува торта и младенците со задоволство ја споделуваат со гостите. Но, забораваат да сочуваат парче за себе. Затоа, сочувајте едно парче во кое подоцна на мир ќе уживате.rn

8. Полнење на батеријата на мобилниот телефон

rnСекоја невеста би требало својот мобилен телефон да го остави кај некој за време на самата церемонија. Сепак, поголемиот дел забораваат да ја наполнат батеријата, па кога ќе започнат да го користат може да се исклучи. Наполнете ја батеријата еден ден порано.