Дали има нешто подобро од егзотичниот тропски дезен, за носење во текот на најврелите денови од годината, особено за на одмор, покрај море или езеро? Ние би рекле не. Апликациите со палми, ананаси и тропски прашуми се вистински синоним за лето и затоа не треба да ја пропуштите приликата оваа сезона да се носите во духот на Јамајка, Малдиви и Бразил.rnrn
rnrnСам по себе тропскиот принт е впечатлив, забавен, шарен, па ќе ви биде доволен само еден детаљ, на пример маица, шорц, марама за коса или горен дел од костим за капење за да изгледате летно и разиграно.rnrn
rnrnВо продолжение ќе пронајдете идеи кои ќе ве инспирираат да постанете вистинска тропска принцеза на плажа ова лето.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnСекако, тропскиот принт не е резервиран само за на плажа, па на следните страници ќе пронајдете инспирација да го вклучите во вашиот денски изглед во варијанти од глава до петици или пак само во едно парче облека или моден детаљ.rnrn
Тропски принт: Одлични начини да го носите во текот на најтоплите месеци од годината
