КАФЕ ПАУЗА

Тридневна диета со авокадо: Ефикасен начин на слабеење

Тридневна диета со авокадо: Ефикасен начин на слабеење

rn

Мени за диетата со авокадо

rnТридневна диета со авокадо: Ефикасен начин на слабеењеrn

Прв ден

rnРано наутро (на празен стомак): чаша топла вода со лимон.rnrnПојадок: салата од зеленчук, домати, краставица и авокадо со 1 лажица маслиново масло, 1 јајце, кафе.rnrnУжина: 1 мандарина и 30 грама ореви.rnrnРучек: тестенини со мисиркино месо (100 грама) и сос од домати, салата од рукола со половина авокадо и една краставица.rnrnВечера: зеленчук на скара и авокадо.rn

Втор ден

rnРано наутро (на празен стомак): чаша топла вода со лимон.rnrnПојадок: палачинки со хелдино брашно, 1 лажица мед, магдонос, половина јаболко, кафе или 1 шолја зелен чај.rnrnУжина: парче тост леб со авокадо, 1 шолја зелен чај.rnrnРучек: салата од туна со авокадо, домат, краставица, црвена зелка и сок од лимета.rnrnВечера: 150 грама пилешко на скара и 150 грама зеленчук, 100 грама авокадо.rn

Трет ден

rnРано наутро (на празен стомак): чаша топла вода со лимон.rnrnПојадок: тост од интегрален леб со авокадо и две јаболка, кафе или зелен чај.rnrnУжина: печено јаболко со сирење и 20 грама јатки.rnrnРучек: 100 грама варена хелда, зеленчук со авокадо и билки.rnrnВечера: 100 грама варена риба, 200 грама печен зеленчук.rnrnПред да започнете со диетата, подобро е да имате краток еднодневен пост, а за тоа постојат и различни погодни напитоци. Адријана Лима обожава да подготвува хранливо смуди за детоксикација со грчки јогурт или кокосова вода со половина авокадо и половина лажица мед. Манекенката Емили Ди Донато обично сака да пие смуди од боровинки, бадемово млеко, со една лажичка вештачки протеини, спанаќ и други билки. Изберете каков било рецепт кој вклучува зеленчук, бобинки и овошје кога ќе планирате ден за испостување на организмот.rnrnПо диетата, препорачливо е следниот ден да го поминете пиејќи исклучиво вода или јадејќи само овошје и зеленчук. Се препорачува мерење на празен стомак по посниот ден. За резултатите да бидат навистина добри, не заборавајте на вежбањето. Дури и само 15 минути вежбање во домашни услови ќе му биде од корист на вашето тело.rnrnМожеби сакате да прочитате и за највкусната диета за којашто некогаш сте чуле.