Привремените тетоважи го имаат својот голем камбек ова лето, но овој пат тие не се наменети само за деца. Многу жени почнаа да ги прекриваат своите тела со интересни златни и металик боди арт дизајни.rnrn
rnrnОвие фенси фолии се всушност привремени тетоважи кои се наречени светкави тетоважи (flash tattoos) и доаѓаат во разни светкави парчиња и златни геометриски облици кои блескаат на кожата.rnrnБез разлика за кое место на телото ќе се одлучите, бидете сигурни дека со оваа тетоважа само ќе ги потенцирате вашиот изглед и стил како вистинска бохо кралица, во текот на целото лето.rnrnНе мора ни да потенцираме дека овие металик тетоважи изгледаат одлично на исончана кожа и имаат улога на полуперманентен накит. Всушност, одлично се надополнуваат со накитот кој веќе го носите на зглобовите, на прстите, на вратот, на телото, па дури и на лицето…rnrnОвие тетоважи траат 6 дена и имаат моќ да ве преобразат во гламурозна божица. Ова е совршениот летен аксесоар. Се согласувате?rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.





























