Ледена крем торта која се јаде и со очи и со уста
rn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 1 литар слатка павлака
- 4 кесички шлаг од чоколадо
- 2 лажици Нутела
- 3 кесички зацврстувач за шлаг
- Малку какао
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnИзматете ја слатката павлака, а шлагот направете го според упатството на кесичката заедно со зацвсртувачот. Во изматениот шлаг додајте ја нутелата и сето тоа соединете го со мешање. Спојте ја изматената слатка павлака и кремот од чоколадо, па ставете ја смесата во фрижидер. Земете чинија на која ќе ја служите тортата, и со црпалка ставете една лажица од смесата. Веднаш ставете ја чинијата во ладилникот пуштен на најјако и оставете да седи 10 минути. После 10 минути извадете ја чинијата и врз првиот слој, ставете втор, повторно црпнувајќи од смесата со црпалка. Вратете ја чинијата во ладилникот и повторувајте ја постапката додека не ја потрошите смесата, а последниот слој можете да го нанесете со помош на кеса за декорирање за да направите тортата поубаво да изгледа. Пред служење посипете ја тортата со какао.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.