Веројатно нема личност која не користела Инстаграм во 2015 година, но и да има, нивниот број е сигурно многу мал. Тоа не е чудно, бидејќи Инстаграм е една од најпопуларните социјални мрежи за минатата година, а помеѓу најмногу фотографираните предмети таму се пронајдоа и неколку дневни парчиња облека. Годината беше долга, а ова се најпопуларните дневни облеки кои владееја на Инстаграм во 2015-та.
rn
1. Чантата од „Мансур Гавирел“
rnВреќестите чанти беа „ит“ парче помеѓу познатите трендсетерки во 2015-та година, па затоа не е чудно што токму моделот од овој бренд беше еден од најпопуларните на Инстаграм.
rn
2. Блузите кои се заврзуваат однапред на „Reformation“
rnБлузите кои се заврзуваат однапред беа едни од најпопуларните и најмногу фотографираните дневни парчиња на Инстаграм. Најпопуларен помеѓу нив беше моделот на брендот „Reformation“.
rn
3. Колекцијата на „Балман“ за „H&M“
rnАко некоја модна соработка предизвикала вистинска лудница во сите делови на светот, тогаш тоа дефинитивно е онаа на брендовите „Балман“ и „H&M“. Затоа не е чудно што токму парчиња со потпис од овие два бренда беа помеѓу најмногу фотографираните дневни парчиња на Инстаграм.
rn
4. Крзнените мокасини од „Гучи“
rnДневното парче кое подеднакво предизвика воодушевување, но и гадење во модниот свет во 2015 година, се дефинитивно крзнените мокасини од брендот „Гучи“. Можеби тоа е и причината поради која се најдоа на листата на најмногу фотографирани дневни парчиња на Инстаграм.
rn
5. Шеширите на „Џанеса Леоне“
rn„Џанеса Леоне“ е совршен пример за бренд кој својата популарност ја доби благодарение на Инстаграм. Токму овој аксесоар на споменатата дизајнерка со месеци беше најмногу фотографираното дневно парче на оваа социјална мрежа.
rn
6. Фустаните од чипка на „Хан Чонг“
rnНие сме големи фанови на дизајнерот Хан Чонг, чии фустани се изработени од чипка, а кои дефинитивно беа меѓу најфотографираните парчиња на Инстаграм.
rn
7. Патиките на Стен Смит за брендот „Адидас“
rnАко некои патики ја исполнувале вашата почетна страна на Инстаграм во 2015-та година, тогаш тоа веројатно биле овие бели патики на Стен Смит за брендот „Адидас“.
rn
8. Балетанките од „Aquazzura“
rnОмиленото дневно парче на сите модни блогерки за минатата година, помеѓу останатите, беа и овие балетанки од брендот „Aquazzura“, кои тие ги комбинираа со сите дневни парчиња и во сите варијанти.
rn
9. Долната облека од „For Love & Lemons“
rnСекси долната облека со потпис на брендот „For Love & Lemons“ беше помеѓу најпровокативните парчиња кои ги носеа познатите трендсетерки минатата година, но и помеѓу најмногу фотографираните на Инстаграм.
rn
10. Длабоките чизми од брендот „Stuart Weitzman“
rnДлабоките црни чизми со потпис на брендот „Stuart Weitzman“ се дефинитивно најпопуларното парче на Инстаграм за минатата година. Тие беа шик обувки во 2015 година и се најдоа на најмногу фотографии на Инстаграм.

