Речиси една третина од животот ја минуваме во спиење, па според тоа, спалната соба мора да биде просторија во која ќе можеме да уживаме. Според кинеската дисциплина Фенг шуи, спалната соба е од големо значење во домот, бидејќи има силно влијание на квалитетот на односот со саканата личност.rnrn
rnrnПри уредувањето на собата каде што спиете, треба да се водите според вашиот вкус и инстинкт. Самите треба да откриете што ве вознемирува, а што ви носи хармонија и радост. Сепак, добро е да знаете кои работи предизвикуваат проблеми според Фенг шуи. Ова се некои од правилата на оваа древна вештина:rnrn1. Огледалото не треба да виде веднаш пред вас или над креветот.rnrn2. Телевизорот во спалната соба доведува до разделба на парот.rnrn3. Немојте да спиете во кревет над којшто се наоѓа греда која ја дели постелата на два дела.rnrn4. Немојте да спиете на брачен кревет што има одвоени душеци.rnrn5. Ако сакате да ги подобрите вашите сексуални односи, направете енергетски промени во спалната соба. Пирамидата од стакло или камен ќе ви помогне да го сторите тоа. Иако нејзините страни се рамни и остри, таа има способност да ја привлече и насочи енергијата што лесно може да побегне.rnrn6. Собата треба да ви биде уредна и чиста.rnrn7. Закачете ѕвончиња на прозорецот и немојте да чувате стари работи под креветот.rn
Најважна е положбата на креветот
rnНајдобро е спалната соба да биде најоддалечена од влезната врата. Влезот не би требало да биде во директна линија со влезната врата, бидејќи тоа влијае на интимноста. Исто така, не би смеела да биде во директна линија со тоалетот или кујната.rnrnКреветот треба да се наоѓа на такво место што личноста која лежи на него ќе може да види кој влегува во собата. Обично, најдобрата положба е да се постави дијагонално во однос на вратата. Наслонот треба да се допира со ѕидот, што ја симболизира потпората на вашите желби и не би требало да се наоѓа веднаш под прозорецот, бидејќи тоа може да ви донесе чувство на несигурност.rnrnДоколку сакате, едната страна на креветот може да го допира ѕидот, но само ако спиете сами. Кога ќе се разбудите, би требало да имате пријатен поглед. Тоа може да биде привлечен поглед низ прозорецот или убава слика на ѕидот.rnrnПрочитајте ги и овие фенг шуи лекции за вечна љубов.