Тајни за убавина од сите делови на светот

Сподели

Жените низ светот користат традиционални трикови за убавина со кои го одржуваат својот изглед. Најпознатиот трик за убавина кај нас ги вклучува маслиновото масло и медот, кој се користи во многу ситуации и на различни начини. Сепак, добро е понекогаш да земеме неколку трикови кои ги користат од жените во различни земји. Ви ги претставуваме најинтересните и најпрактичните совети со кои жените низ светот се служат со години.

Реклама

rn

Бразилски антицелулитен третман

rnБразилките своите бутини ги тријат со песок, а потоа ги плакнат со морска вода. Освен што е добар антицелулитен третман, ова исто така е и одличен пилинг за телото.rn

Норвешка нега за лице

rnЖените од северот се познати по прекрасната кожа. Норвежанките го мијат своето лице со ладна минерална вода.rn

Италијански рецепт за меки усни

rnПрекрасните Италијанки на своите усни ставаат маслиново масло, што е одлично против сушење и иритација на усните. Доволни се само неколку капки за вашите усни да бидат меки и потхранети.rn

Кинески третман против стареење

rnКинеските жени својата младост ја одржуваат однатре, конзумирајќи големи количини бел чај кој позитивно влијае на стареењето и воедно дава нежен и сјаен изглед на кожата.rn

Индиска тајна за убава коса

rnИндијките се познати по прекрасната коса. Нивниот рецепт за одржување на убавата коса е кокосовото млеко, кое се загрева и се става еднаш во неделата. Се нанесува на темето и се остава цела ноќ.rn

Шпански рецепт против подочници

rnЖените од Шпанија на подочниците ставаат парчиња домат. Доматот ја осветлува кожата и со тоа ги намалува темните кругови под очите.rn

Јапонска тајна за убавина

rnЈапонките својата убава кожа, совршена коса и јаки нокти ги одржуваат со помош на масло од камелија. Тоа дејствува против брчки и изгореници, ја храни косата и ги јакне ноктите.rn

Австралиски рецепт против првут

rnСтар рецепт од Австралија вели дека за спречување на првутот, во шампонот кој го користите треба да ставите малку масло од еукалиптус. Доволни се неколку капки за да имате супер резултати.

Популарно

Може ќе ве интересира