Освен тоа што Французите се познати како нација кој го негува значењето на добриот стил, тие подеднакво внимание посветуваат и на својата традиционална кујна. Гастрономијата е област која зазема многу важно место во нивните животи, па една типична Парижанка со задоволство ќе ви го раскаже нејзиниот омилен кулинарски рецепт, предјадењето што одлично се сложува со главниот оброк, како и десерт кој задолжително следува на крајот. Освен тоа што на сите ни е добро познат кроасанот, чиј мирис се шири уште рано наутро по познатата улица „Boulevard St. Germain“, Французите поседуваат уште неколку специјалитети, како и добро развиени вештини за подготовка на храната. Затоа се запрашавме кои се нивните тајни во исхраната…rnrn
rn
1. Течна гликоза
rnОбичниот шеќер е доста застапен во подготовка на јадењата, и токму тој ги прави десертите меки и сочни. Французите за поголемиот дел од своите рецепти користат гликоза во течна состојба, која е идеална за приготвување колачи и останати специјалитети.rn
2. Добар план на подготовка
rnНе е важно дали подготвувате колач во шолја (во микробранова печка) или десерт за некоја важна вечера: Секогаш имајте план за готвење! Подготвувањето на храната се смета за наука која се заснова на одредени правила, односно не можете во последен момент да се сетите дека сте заборавила да го ставите путерот или јајцата на собна температура. Едноставен начин за да подготвувате јадење е најпрво да го прочитате рецептот и потоа да замислите точен редослед како ќе го подготвите, кои садови ќе ги користите и колку време ќе ви биде потребно.rnrn
rn
3. Засакајте ја подготовката
rn„Mise en place“ е позната француска фраза што во превод значи сè на свое место. Со други зборови, пред да започнете со подготовката, прво изберете ги садовите и обрнете внимание на сите детали кои може да го унапредат вашето јадење.rn
4. Не заборавајте ја глазурата
rnКога ќе видите свежа и вкусна овошна торта, бидете сигурни дека тајната се крие во глазурата. Сѐ што треба да направите е да ставите желе во сад со вода, а потоа да го обогатите со овошје. Тоа ќе направи вашиот овошен десерт да изгледа прекрасно, а овошјето да ја задржи својата свежина.rn
5. Додајте путер
rnВо Франција може да се купи специјален путер за кроасани, кој го содржат поголемиот дел од рецептите за подготовка на печива. Ако планирате да приготвувате кроасани, оставете го путерот на собна температура, а потоа исечете парчиња и завиткајте го во хартија за печење.rnrn