Доколку посакувате да имате бели и здрави заби, овие видови овошје можат да ви помогнат да си ја остварите целта. Тие не само што се вкусни, туку гарантираат и блескава насмевка.rnrn
rn
Јагоди
rnВеќе со години јагодите спаѓаат во групата намирници кои се многу здрави за забите. Тоа е така, бидејќи во себе содржат овошна киселина која ги прави забите бели и сјајни, а го спречува и создавањето на дамки од храна и пијалаци.rn
Јаболко
rnЈаболката имаат многу цврста структура, која на некој начин има ефект на четкичка за заби. Додека го џвакате јаболкото, ситни парчиња се пикаат помеѓу забите и непцата и на тој начин ги чистат од бактерии. Исто така, јаболкото ги неутрализира киселините и на тој начин го спречува појавувањето на кариес.rn
Банани
rnПробајте да си ги избелите забите со кора од банана, така што со внатрешниот дел од кората нежно ќе ги полирате забите и непцата најмалку две минути. После тоа измијте ги забите со паста за заби. Многу брзо ќе забележите дека забите ви се блескави.rn
Портокал и ананас
rnКиселината од портокалите и ананасот содржи ензими кои ги убиваат бактериите, меѓу кои и оние кои создаваат лош здив. Овие овошја, исто така го зголемуваат создавањето на плунка која ги мие дамките на забите, направени од сокови, кафе или црвено вино.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
