КАФЕ ПАУЗА

Столицата ви ја открива здравствената состојба: еве во кои ситуации мора итно да посетите доктор

Столицата, кога е во ред, може да има од светлокафена до зелена боја, но понекогаш боите може да укажуваат на сериозен проблем заради кои веднаш треба да се побара лекарска помош.rnrnstolicata-vi-ja-otkriva-zdravstvenata-sostojba-eve-vo-koi-situacii-mora-itno-da-posetite-doktor-kafepauza.mkrn

Зелена столица

rnЗелена столица може да имате ако сте јаделе многу зелен зеленчук, но може и да укажува на пребрзо варење на храната. Исто така може да значи осетливост на масло од анасон или да биде нуспојава од земање на железо како додаток.rn

Бела столица

rnБелата столица е предизвикана од недостаток на жолчка, што е резултат на блокада на жолните канали. На пример ако камен во жолчката го блокира жолчниот канал, може да имате бела столица. Ова ќе ви предизвика и болки, темна урина и жолтица.rn

Жолта столица

rnНи жолтата столица не е ретка појава, а често е мрсна и мириса на расипани јајца. Тоа може да биде знак на целијачна болест и секој со овие симптоми треба веднаш да се обрати на лекар.rn

Црна столица

rnМногу фактори може да предизвикаат црна столица. Ако сте конзумирале црна бонбона со сладунец или црно пиво, столицата може да ви биде црна. Меѓутоа може да значи и нешто многу посериозно. Таа може да биде предизвикана од крвавење во горниот дел од дигестивниот систем, а тоа пак може да е последица на тумор или чир. Ако е црната боја предизвикана од крвавење, црната столица изгледа како катран и мириса многу лошо.rn

Црвена столица

rnАко често јадете цвекло, домати или брусници, столицата може да ви биде црвена. Исто така, црвената боја може да биде резултат на крвавење во долниот дел од дигестивниот систем или знак дека имате хемороиди.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.