rn
4. Бикини со спуштени ракави
rnБидејќи спуштените ракави се еден од најголемите модни трендови за оваа сезона, па во мода се таквите маици, блузи и кошули, можете слободно да изберете и таков модел на бикини, односно каде што горниот дел изгледа како краток топ кој можете да го комбинирате со некои здолништа или панталони.
rn
5. Мешајте
rnСекогаш можете да добиете добар и занимлив изглед со комбинирање, па тоа важи и за костимите за капење. Не мора да ги носите во комплет, туку слободно комбинирајте ги, измешајте ги горните и долни делови, измешајте ги дезените, па со сигурност ќе бидете забележани и ќе привлечете внимание.
rn
6. Носете го како дел од модната комбинација
rnИскористете го горниот дел од бикинито или едноделниот костим за капење како дел од вашите модни комбинации за ноќни излегувања или забави покрај базен, плажа и слично, но кои бараат малку поелегантен и посвечен изглед. Но, и тогаш не знаете кога ќе добиете желба да скокнете во водата, па на овој начин ќе бидете подготвени на сѐ.
Доколку сѐ уште го немате избрано совршениот костим за капење, еве како да изберете идеален костим за капење според обликот на телото.

