Замислете си свет без лаги каде сите луѓе би биле искрени цело време. Звучи прекрасно, се согласувате? За жал, оваа замисла е невозможна во денешно време и мора да се помириме со суровата реалност дека постојат поединци кои бесрамно лажат и повредуваат. Па, како треба да постапите кога ќе го фатите вашиот колега, пријател или партнер во огромна лага? Прочитајте ги следниве 15 совети кои ќе ви помогнат да се справите со оваа непријатна ситуација…rnrn
rn
1. Не прогледувајте низ прсти
rnАко го игнорирате лошото однесување, на тој начин само ќе ги охрабрите лошите навики. Не треба да премолчите бидејќи така нема да си помогнете ниту себеси ниту на неискрената личност.rn
2. Запрашајте се како влијаела лагата на вас
rnСекоја измама има одредено влијание на вас. Понекогаш станува збор за мала лага која нема да ве повреди, но ако се работи за нешто поголемо, тогаш постои веројатност дека ќе се почувствувате предадени. Проценете ја сериозноста на ситуацијата и реагирајте соодветно.rn
3. Размислете како би било најпаметно да постапите
rnПред да преминете на дела, вдишете длабоко и размислете за вашите опции. Доколку реагирате импулсивно, постои голема веројатност дека ќе ја влошите веќе вжештената ситуација.rn
4. Фокусирајте се само на моменталното однесување
rnНајдобро е да се сконцентрирате на делата што ве повредиле во моментот. Не ги спомнувајте проблемите што сте ги закопале во минатото, бидејќи така и другата личност ќе заземе одбранбен став и нема да можете да разговарате разумно.rn
5. Поставувајте директни прашања
rnАко се сомневате дека некој ве излажал или манипулирал со вас, не заборавајте дека вие ја заслужувате вистината. Не преминувајте на друга тема сѐ додека не сте задоволни со одговорите што сте ги добиле.rn
6. Не ја потценувајте лагата
rnНекои луѓе се обидуваат да му дадат помало значење на нечесното однесување и го третираат како бела лага или како нешто што не е голема работа. Лагите се секогаш голема работа и не би требало да поминуваат неказнето.rn
7. Проценете дали личноста навистина сака да ви ја признае вистината
rnЗа време на директното соочување, повеќето луѓе се обидуваат да ја прикријат лагата со друга лага, па со трета и така натаму. Оштетената доверба може да се поправи само доколку лажливецот преземе одговорност за сопственото однесување.rn
8. Побарајте второ мислење
rnНечесните луѓе се експерти за лажење и манипулирање, така што постои голема веројатност дека по разговорот ќе бидете целосно збунети. Побарајте совет од вашите вистински пријатели кои би можеле да ви помогнат да ги распознаете лагите од вистината.rnrn
rn
9. Слушајте го вашиот инстинкт
rnДајте си дозвола да реагирате онака како што ќе почувствувате дека е најдобро во моментот. Ако се сомневате во туѓата искреност, внимателно слушајте што ви вели вашето срце.rn
10. Немојте да бидете жртвено јагне
rnНечесните луѓе ќе се обидат да ви ја префрлат вината и да ве уверат дека проблемот е до вас, поради тоа што сте премногу чувствителни и претерано реагирате. Немојте да „паднете“ на оваа манипулација и останете доследни на вашиот став.rn
11. Точно определете ги вашите граници и држете се до нив
rnНајдобар начин да ги одбегнете ваквите проблеми во иднина е да бидете искрени и директни во врска со вашите очекувања.rn
12. Сфатете дека нечесните луѓе нема да ве излажат само еднаш
rnПостои голема веројатност дека личноста која ве излажала еднаш, ќе ве излаже пак.rn
13. Не омекнувајте
rnОва значи дека не треба да се чувствувате одговорни за личноста која ве излажала. Можеби ќе посакате да ја поправите ситуацијата, но не заборавајте дека можете да го контролирате само сопственото однесување.rn
14. И вие кажете ја целосната вистина
rnПонекогаш најдобриот начин да се справите со нечесните луѓе е вие да бидете целосно искрени. Можеби на лажливецот нема да му биде гајле за вашата искреност и чесност, но вие ќе бидете горди на сопствениот интегритет и достоинство.rn
15. Ако ништо не ви успее, оддалечете се од лажливецот
rnКога ќе сфатите дека човекот кој ве излажал нема намера да биде искрен и да преземе одговорност за сопствените дела, шансите дека ќе ја повратите меѓусебната доверба се многу мали. Токму затоа, најдобро е да се оддалечите. Тоа можеби ќе значи дека ќе треба да ја прекинете љубовната врска или долгогодишното пријателство, но не заборавајте дека постојат премногу добри и искрени луѓе во светот за да си губите време со некој кој постојано ве лаже и не ве цени воопшто.rnrnДоколку не можете да препознаете лага, прочитајте ги овие 9 суптилни знаци дека некој ве лаже.