Без разлика дали размислувате да станете вегани, вегетаријанци или едноставно да намалите со јадењето месо, постојат многу причини зошто би требало да ја смените вашата исхрана. Јадењето повеќе зеленчук, овошје, целосни зрна, јаткасти плодови и семки наместо месо може да има огромно влијание врз вашето здравје, како и за здравјето на нашата планета. Па, доколку ви е потреба мотивација за оваа промена, погледнете ги следниве 10 добри причини кои треба да имате во предвид при вашата одлука…rnrn
rn
1. Големи се шансите дека вашата срцева болест ќе исчезне
rnСрцевите болести се едни од најголемите причини за смрт ширум светот. Но, кога пациентите биле префрлени на вегетаријанска исхрана, нивното здравје не само што се подобрило, туку срцевата болест целосно им исчезнала.rn
2. Ќе бидете послаби
rnОткако ќе престанете да јадете месо, вие брзо ќе ги изгубите непосакуваните вишок килограми. Истражувањата исто така покажале и дека јадењето месо најчесто е поврзано со прекумерната тежина.rn
3. Ќе заштедите пари
rnНајчесто оброците за вегетаријанците и веганите имаат тенденција да бидат помалку скапи од порциите со месо. Па, покрај тоа што ќе го подобрите вашето здравје и тежината, исто така и малку ќе заштедите.rn
4. Ќе ги намалите стакленичките гасови
rnСе претпоставува дека животинската агрикултура создава повеќе стакленички гасови од целата транспортна индустрија. Со намалување на јадењето месо, вие ќе имате огромно влијание врз промените на климата.rn
5. Ќе го намалите насилството кон животните
rnСекоја година се убиваат милиони животни за исхрана, од кои голем дел се израснати во фабрички фарми. Доколку намалите со јадењето месо, вие тивко ќе гласате против насилните начини на кои се третираат животните.rn
6. Ќе бидете во добро друштво
rnПостојат многу познати ѕвезди кои се придржуваат до овој начин на исхрана, како Натали Портман, Елен Деџенерис, Оливија Вајлд, Пол Мекартни, Кери Андервуд и Бети Вајт…rn
7. Ќе бидете на исто ниво со дел од најголемите умови низ историјата
rnАлберт Ајнштајн, Бенџамин Френклин, Ганди, Чарлс Дарвин и Џорџ Бернард Шо сметале дека е добра идеја да се следи вегетаријанска исхрана.rn
8. Ќе помогнете да се спаси Амазон од уништување
rnАмазонот секојдневно се уништува со цел да се хранат животните кои подоцна се убиваат за месо. Оваа ситуација е загрижувачка, па токму затоа и промената во вашата исхрана може да помогне да се спаси Амазон – белите дробови на планетата.rn
9. Ќе откриете голем број нови вкусни рецепти
rnПовторно пилешко за ручек? Намалувањето на месото во вашиот живот ќе ви помогне да ги проширите вашите хоризонти за исхрана и ќе откриете многу нови, вкусни и возбудливи главни јадења.rn
10. Ќе направите избор кој веќе е поддржан од страна на голем број религии
rnБез разлика дали сте верник или не, можете нешто да научите од верувањата на Будизмот, Хиндуизмот и Џаинизмот. Сите тие ги поттикнуваат своите следбеници да прифатат исхрана која е базирана врз растенија.