КАФЕ ПАУЗА

Со фенг шуи бои до подобар бизнис

Со Фенг Шуи бои до подобар бизнис

Written by

in

,

Сигурно досега имате слушнато за Фенг шуи, бидејќи последниве неколку години е ултрапопуларно низ целиот свет. Без разлика дали верувате или не во неговата моќ, сепак погледнете ги наредниве неколку начини со кои преку боите можете му помогнете на вашиот бизнис. Секоја боја има свое значење и испраќа одредена порака. Тука ќе ги пронајдете 6-те бои на виножитото и нивното Фенг шуи значење.rn

1. Виолетова

rnСо Фенг шуи бои до подобар бизнисrnrnНајтемната боја на виножитото е кралската боја во Фенг шуи. Таа во основа е Јинг и поради тоа е боја која го подобрува физичкото и менталното здравје. Виолетовата боја смирува и има способност да ја намали тензијата. Таа исто така е и бојата на богатството и напредокот. Најмногу ја употребуваат компании чии производи се наменети за жени или за деца. Оваа боја означува моќ и висока интелигенција.rnrnВиолетовата боја може да се забележи кај претставниците на големите компании, како и кај медицинските сестри или наставниците. Исто така таа е одлична боја за спа-центрите или за бизнис поврзан со слатки. Виолетовата би требало да е ваш избор доколку водите стресен бизнис, бидејќи таа по природа ги смирува луѓето. Меѓу другото, таа е добра и за бизнис со антиквитети бидејќи на некој начин е и боја која предизвикува носталгија.rn

2. Сина

rnДруга боја која опушта и смирува е сината, бојата на океаните и небото и токму поради тоа означува авантура и слободен дух. Таа е најуниверзалната боја во бизнисот. Предизвикува појава на доверба, лојалност, сигурност и одговорност, па поради тоа ја носат голем број луѓе. Но, таа исто така се смета и за многу предвидлива и конзервативна.rnrnБидете внимателни кога носите сина боја во бизнисот. Премногу од неа може да предизвика досада и може да биде непривлечна кај помладата публика. Сината најчесто е боја која ја избираат банките, компаниите за осигурување, здравствените установи и сите други бизниси каде што довербата и сигурноста се многу значајни. Доколку не сакате вашиот бизнис да се сфаќа како досаден или конзервативен, тогаш подобро одбирајте светло сини бои, отколку темно сина или индиго.rn

3. Зелена

rnСо Фенг шуи бои до подобар бизнисrnrnЗелената е бојата на природата, свежината, балансот и хармонијата. Без разлика кој е вашиот бизнис, добро е одвреме-навреме да искомбинирате малку зелена боја. Темните нијанси на зелена се поврзани со пари, престиж и богатство, додека посветлите нијанси претставуваат свежина, раст, добрина и симпатија. Избегнувајте ги оние најсветлите и најсилни зелени бои бидејќи се сфаќаат како детинести.rnrnЗелената е одличен избор за кој било бизнис, но дефинитивно не смее да се заборава кај органските, здравствените и бизнисите со храна. Зелената го стимулира апетитот, па поради тоа е одлична идеја да ја имате доколку водите ресторан или кетеринг бизнис.rn

4. Жолта

rnНајсветлата боја од виножитото можеби и не е најдобар избор кога станува збор за бизнис. И покрај тоа што некои студии покажале дека долгото изложување на оваа боја може да доведе до анксиозност, според Фенг шуи таа е поврзана со комуникацијата, здравјето и пријателството. Жолтата ја стимулира логичката страна на мозокот и го прочистува умот. Таа го подобрува аналитичкото размислување и влијае на подобро расудување.rnrnСекој вид на бизнис кој е поврзан со деца (играчки, градинки…) би требало барем до некој степен да ја употребува жолтата боја. Продуктите за убавина кај жените исто така би требало да содржат жолто бидејќи таа е многу примамлива боја и луѓето веднаш ја забележуваат. На тој начин лесно ќе го издвоите вашиот продукт од останатите околу него. За сите останати бизниси, добро е да ја користат оваа боја во помали количини, не како доминантна боја.rn

5. Портокалова

rnСо Фенг шуи бои до подобар бизнисrnrnПортокаловата боја според Фенг шуи е одговорна за организација. Во принцип таа е Јанг, па поради тоа ја подобрува концентрацијата, како и креативноста. Таа е топла и жива боја, енергија комбинирана со забава и најмногу се поврзува со оние луѓе кои се отворени, оптимисти и авантуристи.rnrnОваа боја најмногу се забележува во рестораните, агенциите за патувања и кафулињата. Таа е одлична за кој било бизнис поврзан со деца бидејќи тие најчесто многу ја сакаат оваа боја – колку посветла, толку подобро. Но, не е секогаш најдобар избор за во светот на бизнисот бидејќи премногу од неа може да асоцира на несигурност и арогантност. Бидете внимателни кога ја употребувате портокаловата. Најдобро е да не ја правите доминантна боја, туку да биде само дел од одредени детали.rn

6. Црвена

rnПоследната боја од виножитото во Фенг шуи е бојата на добрата среќа, самодовербата и парите. Но, таа исто така е и боја на гнев и лутина, па поради тоа најдобро е да не претерувате со неа. Црвената е одлична боја за оние бизниси кои се поврзани со љубов и секс. Таа исто така е и боја на мажественоста, па поради тоа е соодветна за бизнис кој работи со машки колекции. Црвената најчесто се употребува во рестораните и центрите за шопинг.rnrnЦрвената боја покажува енергија и позитивно размислување, но исто така се поврзува и со крв, војна и насилство. Премногу од оваа боја може да предизвика анксиозност и лутина, па поради тоа пожелно е умерено да ја употребувате.rnrnНе мора да носите само црно за да изгледате професионално. Додавањето на одредени бои може да биде одлична идеја за вашиот бизнис – пробајте! Која е вашата омилена бизнис боја?rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.