Акните секогаш се непријатно изненадување. Како и да е, понекогаш тие се предизвикани од надворешни причини и лесно може да се третираат. Погледнете ги најефективните начини за ослободување од акни.rn
Грб и рамена: Направете мешавина од вода и оцет во размер 2:1 и нанесете ја на кожата
rnАкните на грбот може да бидат предизвикани од рачки на ранци или од тесна синтетичка облека. Ако имате мали црвени мозолчиња, тогаш веројатно станува збор за реакција од хемиски препарати за чистење. Мрсната и пржена храна исто така може да биде причина за појава на акни.
Овие мозолчиња може да ги третирате со солена купка еднаш неделно или со мешавина од оцет и вода.rn
Гради: Масирајте ја вашата кожа со мешавина од сода бикарбона и вода
rnНајчеста причина за акните на градите е алергиска реакција од геловите за туширање. Овие мозолчиња може да се појават и од ладни пијалаци, зачини и морска храна.
Измешајте сода бикарбона со вода и масирајте ја кожата. Потоа исплакнете со топла вода.rn
Врат: Избришете ја кожата со сок од лимон или лимета
rnТесните јаки може да бидат причина за акните на вратот. Тие исто така може да се појават како алергиска реакција од шампони за коса, а друга честа причина се и слатките.
Избришете го вратот со памук натопен во сок од лимон или лимета. Оставете да отстои 10-тина минути и потоа исплакнете со топла вода.rn
Раце: Ставете жив компир на иритираната кожа
rnПроблемите со дигестивниот систем, алергиската реакција од хемиски препарати и антибиотиците можат да бидат причина за појава на мозолчиња. Ако често одите на базен, во сауна или во теретана, можно е да имате габична инфекција која резултира со акни.
Ако мозолчињата не се резултат на габична инфекција, од нив може да се ослободите со сок од компир. Пресечете го компирот на пола и тријте го на проблематичните делови. После половина час исплакнете.rn
Нозе: Додајте масло од чајно дрво во вашиот гел за туширање
rnЛошата хигиена и тесната облека од синтетика се најчестите причини за појава на акни на нозете. Тие исто така може да се појават после бричење ако користите тап жилет.
Додајте 5-6 капки масло од чајно дрво во вашиот гел за туширање и избањајте се како и вообичаено.
Пробајте ги и овие природни маски кои ќе ви помогнат во борбата против акните.

