Ако мислите дека облеката ја избирате според вашиот личен вкус и дека не открива баш многу за вас како личност… Тогаш, многу се лажете! Сепак, вашиот вкус претставува дел од вас и сосема е логично да открива нешто за вашиот карактер на оние кои не ве познаваат. Секако дека облеката е вистинскиот пример за тоа, па побрзајте да дознаете што зборува вашиот стил на облекување.rnrn
rn
1. Класичен стил
rnКласичниот стил изразува скромност, елеганција и софистицираност на еден безвремен начин. Бели кошули, мантили, класични салонки и здолништата молив се задолжително парче во вашиот гардеробер. Освен тоа, вие сакате и класични дизајни како што се точките и пругите, како и неутралните, нежни бои. Доколку го сакате класичниот стил, вие сте паметни, помалку срамежливи, но и доста елегантни. Најважни ви се стабилноста и сигурноста и затоа со задоволство избирате дневни парчиња кои се секогаш во мода.rnrn
rn
2. Винтиџ стил
rnИако овој стил подразбира облекување кое вклучува дневни парчиња стари и по 20-30 години, тој е секогаш модерен и популарен, а освен тоа и впечатлив и поетски. Овој стил е како виното – колку се парчињата облека постари, толку подобро создаваат убав, едноставен дизајн и совршен квалитет. Вие сакате сè што е винтиџ, започнувајќи од фустани и здолништа, па сè до чевли и накит кои даваат посебна магија на вашите комбинации. Помалку сте сентиментални, нежни и единствени во вашето модно изразување.rnrn
rn
3. Бохо стил
rnОвој стил се одликува со егзотични детали, дезени и кроеви. Во вашиот гардеробер задолжителни се широки фармерки, антилоп и кожни чизми, јакни и кошули со реси, интересни дизајни и бои. Вие сте безгрижни, помалку диви и независни, не сакате да ги следите трендовите, туку самите да ги создавате онака како што вие мислите и чувствувате.rnrn
rn
4. Гранџ стил
rnОвој стил се одликува со „третирани“ фармерки, кожни детали, војнички чизми, корсети, многу накит, најчесто во вид на ланци. Доколку го сакате овој стил, вие сакате да бидете единствени, посебни, поразлични, но покажувате и дека сте силни, упорни и храбри.rnrn
rn
5. Рок стил
rnОвој стил е доста близок со претходниот, бидејќи токму гранџот претставува една негова варијанта. Од друга страна пак, рок стилот може да оди и на друга страна и да биде сосема гламурозен. Секако, тој се одликува со искинати фармерки, кожни детали, блузи со интересни „графит“ дизајни, марами… Доколку се облекувате на ваков начин, покажувате дека сте слободни и диви и дека не се плашите од ништо.rnrn
rn
6. Минималистички
rnМинималистичкиот стил овозможува да изгледаме доста добро со доста малку труд. Слично како и кај класичниот стил и во овој стил доминираат јасни, прецизни линии, сведени бои и елеганција. Доколку го обожавате минимализмот, откривате дека сте елегантни, отмени и дека сте вистинска дама со стил која ја цени едноставноста.rnrn
rn
7. Уметнички стил
rnСето она што е оригинално, уникатно и несекојдневно заслужува да се најде во вашиот гардеробер. Бидејќи токму и вие сте такви: Креативни, единствени и неповторливи!rnrn
rn
8. Кежуал стил
rnОпуштен и удобен, стил во кој секогаш ќе се чувствувате пријатно. Во вашиот гардеробер мора да се пронајдат парчиња од тексас, шорцеви, блузи, но и удобни обувки како што се патиките. Вие сте едноставни и ниту малку комплицирани, а удобноста и практичноста ви се чекор од софистицираноста.rnrn
rn
9. Романтичен стил
rnПастелни бои, а особено розовата, чипка, тул и цветните дезени го карактеризираат овој стил, а вас ве прават женствени, нежни, слатки, но и тоа како модерни.rnrn