Третманите за убавина и мејкап се херои кои понекогаш можат да направат големи разлики во животот на жената. Започнувајќи од криење на здодевните мозолчиња, па сè до заводливите дизајни на нокти, тие прават секоја жена да се почувствува како да поминала низ филтер на Инстаграм во реалноста. Но, секој пат кога практикувате некој од овие третмани за убавина, вие се изложувате себеси на сериозен ризик. Постојат многу хорор приказни кои можат да го потврдат тоа, токму затоа е добро да ги знаете следниве ризици…rnrn
rnrnПогрешната техника за нанесување моливче за очи може да го наруши вашиот вид. Според една нова студија, нанесувањето на моливчето на водената линија на окото, може да доведе до многу лоши инфекции, моментално да го помати вашиот вид, како и да се сврзе со вашите контактни леќи, а од таму да го најде својот пат директно во вашето око. За да го намалите овој ризик, секогаш пред да го употребувате, прво дезинфицирајте го со алкохол врвот на вашето моливче за очи.rnrnДолгите трепки можат да предизвикаат инфекции. Екстремно долгите трепки го насочуваат ветерот кон вашите очи, а со тоа внесуваат во нив прашина и други лоши честички од воздухот. Ова загадување може да доведе до црвенило во очите.rnrnМаникирот може да доведе до ампутација на прст. На една жена наводно ѝ отстраниле не 1, туку 4 прсти откако се здобила со инфекција преку маникир. Токму затоа се препорачува нежно да ги туркате кутикулите на ноктите кон назад, но не и да ги отстранувате целосно. Исто така бидете внимателни при изборот на салон за убавина, бидејќи не сите одржуваат високо ниво на хигиена.rnrnИ маскарата може да предизвика инфекции. Една жена го научила ова на потешкиот начин, па откако користела премногу стара маскара, таа се здобила со инфекција од која окото премногу ѝ потекло. Токму затоа учете од нејзината грешка и менувајте ја маскарата на секои 3 месеци откако ќе ја отворите со цел да се заштитите од бактериите кои се населуваат во неа.rnrnГел маникирот може да доведе до рак. Наводно, треба сериозно да размислите за ризикот од рак на кожата пред да дозволите вашите нокти да се сушат под ултравиолетово светло. Доколку не сакате да се откажете од оваа навика, барем намалете го ризикот така што пред да одите во салонот за убавина секогаш ќе нанесувате мала доза масло за сончање врз вашите дланки.rnrnГрицкањето нокти може да ги оштети вашите заби и да доведе до инфекции. Доколку редовно ги грицкате ноктите, вие можете да направите вашите заби да се поместат. Истовремено лесно можете да ја оштетите кожата околу ноктите, а со тоа и да им дозволите на лошите бацили да се населат во оваа област. Оваа навика исто така го зголемува и ризикот од настинка и грип.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.