КАФЕ ПАУЗА

Што се случува со организмот кога јадете само еднаш во текот на денот?

Што се случува со организмот кога јадете само еднаш во текот на денот?

Некои луѓе сметаат дека еден оброк дневно е доволен за непречено функционирање на телото. Но, доколку тоа премине во навика, може да доведе до зголемување на телесната тежина, нестабилно ниво на шеќерот во крвта, главоболки и други проблеми. Во продолжение прочитајте кои ефекти може да ги предизвика оваа нездрава навика.rnrnШто се случува со организмот кога јадете само еднаш во текот на денот?rn

Зголемување на телесната тежина

rnКога ги прескокнувате оброците, вашето тело гладува. Тоа значи дека му снемуваат залихи, а неговиот метаболизам станува бавен. Таквата ситуација може лесно да доведе до зголемување на масните наслаги.rn

Осцилација на шеќерот во крвта

rnПрескокнувањето оброци во текот на денот може да доведе и до промена во нивото на шеќер во крвта. Една од честите појави е хипогликемија или низок шеќер во крвта која може да биде опасна по живот.rn

Недостаток на хранливи материи

rnАко јадете само еднаш дневно тоа може да значи и дека не внесувате доволно хранливи материи. Тоа може да доведе до недостаток на витамини и минерали, но и недостатокот на протеини, јаглени хидрати или масти може исто така да доведе до проблеми.rn

Главоболка

rnГлавоболката може да се јави како резултат на нестабилното ниво на шеќерот во крвта или недостаток на хранливи материи.rn

Нездрава храна

rnДоколку имате само еден оброк во текот на денот голема е веројатноста дека е нездрав и калоричен.rn

Зиморливост

rnКога вашето тело гладува во организмот настануваат промени во однос на циркулацијата на крвта. тоа најчесто се манифестира со настинка.rnrnЗа да ги спречите овие несакани ефекти, доволно е да се храните со здрави и квалитетни оброци во текот на денот. На тој начин ќе му обезбедите на телото сè што му е потребно за нормално функционирање.rnrnОткако прочитавте што се случува во вашиот организам со само еден оброк во текот на денот, можеби ќе сакате да прочитате и нашите идеи за брз и здрав појадок.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs