Многу жени уште од мали нозе го замислуваат својот идеален маж, а блогерката Линдзи пак, направила и листа на особините коишто тој би требало да ги поседува.rnrn
rnrnПрашањето за тоа кога ќе го запознае својот иден маж, на Лидзи Тајгер, блогерка од Њујорк ѝ донело малку грижа и нетрпение. Таа не стравувала од тоа дека никогаш нема да го сретне, но периодот на самотија го искористила за да сфати што сака од животот и од својот партнер. Овде се четиринаесетте нешта коишто таа сака да ги има нејзиниот иден сопруг. Некои од нив делуваат нереално, додека пак другите се неизбежни!rn
1. „Често да ми покажува внимание“
rnТаа вели дека е заљубена во речениците и малите знаци на внимание. Едно „те сакам“ на самолеплива хартија 6 пати неделно би било доволно.rn
2. „Да ја побара мојата рака од моите родители“
rnСекако, важно е да не го заборави и вереничкиот прстен. Таа смета дека тоа е доста романтично и дека би им се допаднало и на нејзините родители. Тоа навистина е прекрасен гест.rnrn
rn
3. „Рационално да ги троши заработените пари“
rnКолку и добро да стоиме со финансиите, секогаш постои страв дека за миг би можеле да останеме „голи и боси“. Затоа, потребно е покрај својот партнер да се чувствуваме сигурно и безгрижно.rn
4. „Да не ме врзува премногу за себе“
rnСлободата е еднаква на среќата. Тоа не значи дека помалку го сакаме својот партнер. Напротив, слободата може само повеќе да ја зајакне љубовната врска.rn
5. „Да имаме чести сексуални односи“
rnМногу е важно да не се прекине сексуалната хемија помеѓу партнерите само поради тоа што добиле деца. Секако, од својот сопруг очекуваме на нас да гледа како на најсексапилната женска личност којашто ја познава, додека пак за возврат ветуваме дека секогаш ќе најдеме време за него.rn
6. „Да зборуваме за сè и сешто“
rnКога сме покрај некого и се чувствуваме несигурно, тогаш тоа не е добар знак. Според Линдзи, доколку таа сака нешто да каже, а не може затоа што нема компатибилен соговорник, тогаш тоа е голем проблем.rnrn
rn
7. „Да сфати и прифати дека користам 6 шишиња шампони и регенератори истовремено“
rnТој мора да ги прифаќа нашите навики. И тоа дека имаме најмалку 25 лакови за нокти. И 10 кармини.rn
8. „Да ми доделува комплименти“
rnДоколку само ја фати за рака и ѝ каже „Ајде да одиме“, без притоа да прокоментира за нејзиниот изглед, тогаш Линдзи вели дека би била повредена. Комплиментите се претходно чесно заработени со неколкуте часа потрошени за средување.rnrn
rn
9. „Да не му е срам да заплаче на филм“
rnКолку и да е независна, слободна и јака, драмите може да ја расплачат секоја жена. Па, тој треба барем во секоја таква прилика барем да има марамче во џебот.rn
10. „Да го искажува своето мислење“
rnЛиндзи би сакала да биде заљубена во неговиот мозок, во начинот на којшто размислува, во неговото срце, во работите коишто го прават онаков каков што е. Би сакала да научи сè за него, затоа тој мора да ѝ кажува сè. Да го сподели животот со неа.rn
11. „Да одиме на љубовни состаноци“
rnМожеби делува малку лудо, но згаснувањето на љубовната искра помеѓу партнерите воопшто не звучи добро. Би било супер да се направи договор еднаш неделно да се практикува одење на љубовен состанок. Тоа би можело да биде и вечерна прошетка, парче пица или пијалак, битно е да не се дозволи брзиот живот да направи да направи партнерите да се изгубат меѓусебно.rn
12. „Да ме сака неговата мајка“
rnТаа вели дека не сака да бидат најдобри пријателки со неговата мајка или пак да заедно да пијат вино, но би сакала да ѝ се допаѓа. Барем повеќе отколку неговите претходни девојки.rnrn
rn
13. „Да има хоби“
rnНе мора едно. Може дури и пет. Таа не би сакала целиот ден и сето свое слободно време тој да го поминува само со неа. Таа би ги поддржала неговите активности, па дури и би го слушала како зборува за нив доколку тој инсистира.rn
14. „Последно и најважно – да се чувствувам сакана и обожавана“
rnПотребно ѝ е во секоја нејзина пора да ја почувствува неговата љубов и тоа да го види во неговите очи. Зошто? Затоа што таа ќе го сака и повеќе одошто може да замисли и потребно ѝ е тоа да биде така и од негова страна, со ист интензитет.rnrn
