КАФЕ ПАУЗА

Што е азелаична киселина и зошто треба да ја вклучите во негата на кожата?

Што е азелаична киселина и зошто треба да ја вклучите во негата на кожата?

Кога размислувате за лекување акни или розацеа, сигурно никогаш не сте помислиле на азелаичната киселина. Оваа киселина неодамна стана омилена меѓу лекарите затоа што е исклучително ефикасна во решавањето на некои проблеми со кожата. Еве што треба да знаете за состојката за која многу се зборува во моментов.rnrnШто е азелаична киселина и зошто треба да ја вклучите во негата на кожата?rn

Што е азелаична киселина?

rnСтанува збор за заситена дикарбоксилна киселина која главно се добива од пченица, јачмен и ‘рж и се користи како пилинг. Има антимикробно, антиинфламаторно и кератолитичко дејство, спречува појава на комедони и содржи антиоксиданти.rnrnДоколку е потребно, дерматолозите им даваат рецепти на пациентите за концентрации од 15% и 20%, но во слободна продажба може да се најде во пониски концентрации, најчесто 10%. Азелаичната киселина може да се купи и да се користи во различни форми во зависност од регионот за кој е наменета. Геловите и кремовите се користат за лице и за помали површини, а пената за поголеми како што е грбот.rn

За што се користи?

rnАзелаичната киселина се користи во борбата против акните, за третман на розацеа, за осветлување на делови со умерена хипергиментација и како пилинг. Таа решава слични проблеми како салицилната киселина и ретинолот, но помалку ја иритира кожата.rn

Како функционира?

rnНа прво место, азелаичната киселина ја блокира синтезата на бактерии кои предизвикуваат акни и го регулираат формирањето на клетките на кожата. Ова спречува насобирање на мртвите клетки на кожата внатре во порите и на површината на кожата, што значи дека не се формираат ниту затворени ниту отворени комедони.rnrnИсто така, азелаичната киселина спречува прекумерно производство на меланин и на тој начин спречува формирање дамки и пеги, а истовремено ги осветлува веќе постоечките дамки што се со умерен интензитет.rnrnБидејќи има антиинфламаторно дејство, ефикасна е и како третман на розацеа така што ги смирува воспалителните процеси на кожата кои се одговор на агресивното влијание на надворешната средина.rn

Како се користи?

rnПостои концентрација од 10% во слободна продажба и таа е доволна за повеќето луѓе (и проблеми).rnrnМногу добро својство на оваа киселина е тоа што може да се комбинира со други киселини (АХА и БХА), како и со ретинол, витамин Ц, нијацинамид и хијалуронска киселина, а можат да ја користат и бремените жени.rnrnАзелаичната киселина може да се користи двапати на ден, наутро и навечер, но ако имате чувствителна кожа, се препорачува само еднаш и тоа како дел од ноќната рутина. Она што е важно е да користите висок заштитен фактор за време на употребата, особено ако ја користите во текот на денот.rn

За кого е наменета?

rnЗа сите што имаат проблеми со акни, мозолчиња, розацеа, благи и умерени дамки пигментација, без оглед на видот на кожата.rnrnПрочитајте ги овие 11 правила за нега на телото што не треба да ги игнорирате.