Кога некое непознато тело ќе ни се најде под капакот, веднаш го чувствуваме, без разлика дали станува збор за трепка, зрнце песок или нешто трето. Без разлика што е, важно е веднаш да го отстраните, не само поради тоа што ви пречи, туку и за да се избегне создавање на инфекција.rnrn
rn
1. Бидете нежни
rnКога нешто ќе ви влезе во окото, првиот инстинкт најверојатно ве наведува на триење, што е во ред сѐ додека го правите тоа нежно и со чисти раце. Доколку станува збор за нешто поголемо, како што е песок, или пак, за нешто остро што можеби дури и ве боцка, подобро е да одите на доктор. Со невнимателното вадење можете да предизвикате поголема повреда на окото.rn
2. Измијте го со вода
rnМиењето на окото со чиста и ладна вода може да го реши проблемот во поголемиот дел од случаите, па секако испробајте ја оваа метода.rn
3. Ако е итно, веднаш одете на доктор
rnАко сте се обиделе самите да го извадите објектот од окото и не сте успеале во тоа, решението не е игнорирање, туку посета на доктор. Колку подолго непознатата честичка ќе остане во окото, толку се поголеми шансите за оштетување на окото и создавање на инфекција. Доколку сте успеале да ја отстраните честичката со вода, но после тоа се појавило силно црвенило во окото или болка, повторно посетете го вашиот доктор. Благата болка е скоро вообичаена после отстранувањето на честичката од окото, а докторите понекогаш препишуваат антибиотици за да бидат сигурни дека нема да дојде до инфекција.rn
4. Штитете ги вашите очи
rnВажно е квалитетно да ги заштитите очите, и од силното сонце и од ветрот што со себе носат разни честички. Затоа, не штедете на квалитетни очила, бидејќи вашите очи го заслужуваат тоа.