Освен што треба да јадете свежи продукти, а да ја избегнувате преработената храна, постојат уште неколку трикови кои можат да ви помогнат ефектите од вежбањето да се поголеми и побргу да се забележат, а сепак на телото да му дадете сè што му е потребно.rnrn
rn
Пред вежбање
rnУжината треба да биде еден час до час и половина пред вежбањето. Големината на оброкот е исто така важна, така што не би требало да изедете повеќе од 115 грама од некоја храна, бидејќи во спротивно вежбањето ќе го попречи вашето варење.rnrnДоколку правите вежби за кондиција, пред вежбањето изедете бадеми или авокадо или само напијте се кафе. Овие три продукти ќе го поттикнат излачувањето на хормонот допамин кој е важен за мотивираност, енергија и мускулна функција.rnrnДобар избор на храна е лососот, говедското месо, сардините, како и зрнестото овошје.rnrnАко сакате да ја зголемите мускулната маса, потребно е да го зголемите нивото на инсулинот непосредно пред вежбањето. Ова ќе го постигнете доколку изедете порција од чисти протеини, како што е рибата, мисиркиното месо, или белка од јајце и на тоа додадете малку јаглени хидрати со помош интегрален ориз.rn
После вежбање
rnЗа да ја зголемите и силата и мускулната маса, вашиот оброк после вежбањето неопходно е да содржи и протеини и јаглени хидрати.rnrnНа ова треба да му додадете напивка од пасиран спанаќ, кељ, краставица, целер и друг зеленчук со зелена боја за да ја намалите киселоста во организмот и да ја намалите можноста за воспаление на мускулите предизвикана од складирање на млечните киселини.rnrnЕден час после течниот оброк изедете белка и овесна каша, или мисиркино месо и сладок компир или пилешко со интегрален ориз.rn
Сакате да ја намалите телесната тежина
rnДоколку вашата цел е губење на масните наслаги, најдобро би било да вежбате на празен стомак, или поточно веднаш штом ќе станете наутро. Тоа ќе го принуди телото да ги користи резервите на енергија и воедно да ги разложува масните наслаги.rnrnЕден час после тренингот изедете комплетен оброк, а не само ужина. Големината на оброкот е исто така важна, но важно е и да се потрудите да ги почитувате препораките за внесување калории во текот на денот.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
