КАФЕ ПАУЗА

Што би ви рекле кучињата да можат да зборуваат?

Written by

in

,

Не се само мачките таинствени, понекогаш и кучињата ги кријат своите намери и желби. Но, што повеќе време поминувате со вашето куче, толку повеќе ќе го запознаете и ќе знаете што сака да ви каже, дури и кога тоа се однесува повлечено. Па, ако сакате да се зближите со вашето куче, дознајте што тоа би ви кажало кога би можело да зборува.rnrnrn

Секое куче сака различен кревет

rnКога кучињата би можеле да говорат, едно од нештата што би ви ги кажале е дека им е потребен удобен кревет. Во однос на тоа како вашето куче спие, вие треба да го изберете соодветниот модел. На пример, ако кучето е свиткано во форма на топка, тогаш кружниот кревет е најдобар со него. Ако сака да се испружи, потребен му е правоаголен и рамен кревет.rn

Мавтањето со опашката не е секогаш добар знак

rnМногу луѓе веруваат дека мавтањето со опашот е знак дека кучето е среќно и расположено. Но, тоа не секогаш е така. Ако опашката е опуштена и во движење, тоа е знак дека кучето е опуштено, весело и расположено за играње и галење. Но, ако опашката не е толку опуштена за време на мавтањето и стои високо, тоа е јасен знак дека кучето е вознемирено.rn

Кучињата сакаат предизвици

rnСите добро знаеме дека кучињата обожаваат кога им давате закуски, но тие уште повеќе сакаат ако им ги скриете некаде во куќата, за тие да самите да ги најдат. Кучињата сакаат да се помачат за своите залаци па трагањето по нив може да им предизвика вистинско уживање. Исто така, тие сакаат да истражуваат нови места и да запознаваат нови пријатели.rn

И постарите кучиња сакаат да се забавуваат

rnИако понекогаш им треба повеќе мир и сон, тоа не значи дека им треба и помалку шетање. Можеби шетањето ќе биде помирно и подолго, но никако не смеете да им го намалите. Исто така, дури и во староста, тие сепак сакаат да си играат со играчките како малите кутриња, па дури и ако се побавни, бидете трпеливи и направете им мерак.rn

Играње низ двор не е исто како и шетање

rnКучето кое е само во дворот не е среќно куче. Токму затоа и немојте да го оставате на отворено мислејќи дека така ќе го направите позадоволно. Дворот не може да го замени шетањето, бидејќи тоа веќе многу добро го познава и го смета за свој дом. Шетањето е сè што вклучува излегување надвор од портите.rnrnДознајте и како да му покажете на вашето куче дека го сакате според неговиот љубовен јазик.