Сестрите Кардашијан се познати по својот совршен изглед, а нивните секојдневни селфи фотографии што ги објавуваат на социјалните мрежи дополнително го потврдуваат тоа. Она што често го забележуваме е дека тие постојано носат вештачки трепки, па затоа и неодамна ги открија своите правила за нанесување на овој додаток за убавина.
rn
1. Најважно е лепилото
rnНе мора да потрошите многу пари на вештачки трепки, но од голема важност е да пронајдете добро лепило кое цврсто ќе ги држи вашите трепки, но и кое ќе ви овозможи едноставно вадење на истите.rn
2. „Раширете“ ги!
rnПред да ги залепете вештачките трепки, задолжително „растегнете“ ги. Односно, фатете ги за двата краја и минимално развлечете ги, за тие да бидат поеластични и подобро да се вклопат покрај вашите природни трепки.rn
3. Скратете ги
rnВештачките трепки никако не смеат да бидат поголеми од вашите очи. Проверете дали ви прилегаат, а доколку се прешироки, со помош на ножички скратете ги нивните надворешни краеви.
rn
4. Клучот е во чекањето
rnНајчестата грешка која се прави кога се ставаат вештачките трепки е нивното нанесување на капаците веднаш по ставањето лепило. Треба да почекате од 10 до 15 секунди за лепилото да стане погусто и посуво.rn
5. Не откажувајте се од маскарата
rnШминкерите често советуваат дека вештачките трепки треба да се стават без претходно нанесување маскара, но тие сепак подобро прилегаат доколку на природните трепки имате нанесено малку од овој мејкап производ.

