Сите ги имаме изгледано Дизни цртаните по 100 пати кога сме биле деца, а можеби и сега ви се случува да си ги пуштите понекогаш. Ако мислите дека ги знаете на памет репликите и сите детали, размислете уште еднаш! Следниве 14 ситници сигурно ги немате забележано! Прочитајте за што станува збор и изгледајте си ги цртаните уште еднаш викендов за да се уверите и самите…rn
1. Од сите Дизни принцези, само Рапанзел има зелени очи
rn
rnrnПовеќето Дизни принцези имаат сини или кафеави очи. Единствено Рапанзел била нацртана со светло зелени очи.rn
2. Ѕверот од „Убавицата и ѕверот“ поседува карактеристики на седум различни животни
rn
rnrnАниматорите долго време работеле на цртежот за Ѕверот. На крајот, решиле да му дадат физички карактеристики од 6 различни животни, со тоа што неговите сини очи се оние на принцот во кого се претвора.rn
3. Ариел од „Малата сирена“ била инспирирана од актерката Алиша Милано
rn
rnrnКако прототип за главниот лик од „Малата сирена“ послужила Алиша Милано која тогаш имала 11 години, а станала светски позната по нејзината улога како Фиби во ТВ серијалот „Волшебнички“ (Charmed). Освен тоа, Ариел не го добила само физичкиот изглед на Алиша, туку и некои од нејзините карактерни особини.rn
4. Ијор и Оптимус Прајм од „Трансформери“ зборуваат со истиот глас
rn
rnrnПитер Кален го позајмил гласот за Ијор, магарето од „Вини Пу“ и за Оптимус Прајм, роботот од блокбастерот „Трансформери“.rn
5. Мршојадците од „Книга за џунглата“ биле инспирирани од Битлси
rn
rnrnМенаџерот на легендарниот квартет ги договорил членовите од Битлси да го позајмуваат гласот за овие ликови од „Книга за џунглата“, но Џон Ленон решително одбил во името на целиот бенд. Меѓутоа, мршојадците сепак го добиле изгледот на светски познатите музичари од Ливерпул.rn
6. Симба од „Кралот лав“ не рика како лав
rn
rnrnНаместо крик на лав, Симба добил крик на тигар, бидејќи гласот на лавот бил премногу тивок.rn
7. Можете да го видите Ханс од „Замрзнато“ (Frozen) во „Големиот херој 6“ (Big Hero 6)
rn
rnrnСе сеќавате на шармантниот злобен принц од „Замрзнато“? Креаторите на „Големиот херој 6“ решиле да се пошегуваат со него и ја ставиле неговата фотографија на таблата со барани криминалци во полициската станица.rnrnПродолжете на следната страница за да ги откриете и останатите детали што сте ги пропуштиле во Дизни цртаните филмови…rnrn